Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џенифер Лопез и Бен Афлек ги договорија деталите за разводот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Џенифер Лопез и Бен Афлек ги договорија деталите за разводот
ЗАБАВА

Џенифер Лопез и Бен Афлек ги договорија деталите за разводот

Објавено January 8, 2025 11:40
Сподели
Сподели

Пет месеци откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја изненадија јавноста со веста дека се разведуваат, тие успеаја да се договорат за сите детали и поделбата на имотот и покрај тоа што не потпишаа предбрачен договор, пишува „Дејли Мејл“.

Официјалните документи за развод ќе ги потпишат на 20 февруари и секој ќе го задржи она што поединечно го стекнал за време на двегодишниот брак. Успеале да се договорат и за вилата на Беверли Хилс вредна 61 милион долари, која ја купиле заедно, но деталите се’ уште не и’ се познати на јавноста.

„ТМЗ“, исто така, објави дека Афлек ќе го задржи својот удел во продуцентската компанија „Артистс еквити“ (Artists Equity), која ја основа во 2022 година со пријателот Мет Дејмон. Компанијата стои зад неколку филмови.

Кога се појави веста за нивната разделба, многумина беа изненадени што двојката не потпишала предбрачен договор. За време на бракот нивното вкупно богатство изнесувало 550 милиони долари, од кои само Џенифер заработила 400 милиони долари.

Таа има снимено четири филма откако се омажи за Бен, вклучувајќи го и самофинансираниот проект This Is Me… Now: A Love Story, вреден 20 милиони долари, кој ја документира романсата на парот.

Бен, кој имаше нето богатство од 150 милиони долари за време на нивниот брак, глумеше во филмовите Воздух (2023) и Хипнотик (2023). Во тоа време, тој ја заврши продукцијата на продолжението на филмот „Сметководител“ од 2016 година.

Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја одложија венчавката, наведувајќи го како причина прекумерното медиумско внимание. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна повторно и дадоа шанса на својата љубов, која не траеше долго.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на OpenAI обвинет од неговата сестра за силување, тој негира се
Следна Статија Студентите во Србија кои организираат блокади, ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ освои две престижни награди ИДА во Лос Анџелес

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска постигна исклучителен успех на 41. издание на Меѓународните документарни награди (ИДА)…

December 7, 2025
ЗАБАВА

Паркинг простор во Бостон се продава за дури 750.000 долари

Цените на недвижностите во Бостон неодамна вртоглаво пораснаа, а не се поштедени ниту паркинг местата. Најскапиот паркинг простор во Бостон…

March 29, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Инцидент на Денот на независноста во Подгорица: Прекинат концертот на Рики Мартин поради фрлен солзавец

Концертот на светската музичка ѕвезда Рики Мартин во Подгорица накратко бил прекинат по инцидентот што предизвикал паника кај дел од…

May 23, 2026
ЗАБАВА

Најубавата европска плажа за 2025 година е во Грција

Плажата Гларокавос ја доби оваа титула по гласањето на туристи од целиот свет на натпревар организиран од меѓународната организација European…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?