Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чулев: Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Чулев: Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ
ПОЛИТИКА

Чулев: Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ

Објавено January 8, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ, напиша на Фејсбук, Наќе Чулев.

Безбедносно-разузнавачките институции не се реформирани, а во нивните рамки се направени сериозни злоупотреби кои мора да бидат предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство. Овие злоупотреби се потврда за користење на институциите за следење и негативно етикетирање на личности, како и за обиди за спречување на промена на власта. Во контекст на наводите објавени од премиерот Христијан Мицкоски за фабрикувани конструкции за пара-полициски вооружени формации, јавно го повикувам Обвинителството да истражи зошто ваквите информации не беа доставени до МВР, иако тоа експлицитно го побаравме во неколку наврати. Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени. Тука се поставува јавно прашањето: доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не беа доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати беше побарано од моја страна? Прашува Чулев.

Неопходно е јавното обвинителство да отпочне активности за решавање на овие отворени прашања и утврдување на сите инволвирани лица и незаконски дејствија, додаде тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанката Агнеса Русомаровска (12) ја воодушеви публиката во „Карнеги хол“ во Њујорк
Следна Статија Цените на производите се следат, ако има потреба Владата ќе интервенира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска: Ако СДСМ не се промени – ризикува да исчезне од политичката сцена

На 31. Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во Скопје, пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, упати…

January 25, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ја информирам опозицијата, нема да ја повторувам нивната грешка

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески објави на Фејсбук дека се повлекува од изборната трка во…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски утре ќе оствари средба со Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче. -Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?