Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Малолетник доби притвор за тешки кражби низ скопските згради
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Малолетник доби притвор за тешки кражби низ скопските згради
ХРОНИКА

Малолетник доби притвор за тешки кражби низ скопските згради

Објавено January 8, 2025 18:24
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за малолетник во судир со законот за кого постои основано сомнение дека е извршител на шест различни кривично-правни дела кои во Кривичниот законик се предвидени и санкционирани како кражби и тешки кражби.

Како што информира ЈОРМ, во краток временски период, за неколку дена во декември 2024 година, 16-годишникот влегувал во влезови од згради, подрумски простории и дворови на куќи, провалувал во затворени простории и одземал велосипед, електрични тротинети, алати, алкохолни пијалоци и други предмети во вкупна вредност од над 160.000 денари.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз оштетените и опасност да го повторува делото, јавниот обвинител од судот побара да определи притворска мерка за малолетникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за екс началник од Куманово
Следна Статија Клиничката болница во Штип останува приоритет на Владата, вели Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Помилуваниот Акиф Равмановски на излегување од „Идризово“ веднаш е уапсен за убиство

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи денеска непосредно по…

October 25, 2024
ХРОНИКА

Ужас во Скопје: Тинејџер прободен со нож, напаѓачот е 15-годишно дете

Во автобус на еден од приватните превозници, синоќа бил пронајден млад скопјанец кој бил прободен со остар предмет, дознава 24инфо.мк. 18-годишниот…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Прегазил жена во Тетово, па избегал

Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово, по што возачот побегнал од местото. Сообраќајната несреќа, според информациите од МВР, се…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?