Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Тирана по барање на МД „Илинден“ табла на македонски јазик поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Тирана по барање на МД „Илинден“ табла на македонски јазик поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител
БАЛКАН

Во Тирана по барање на МД „Илинден“ табла на македонски јазик поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител

Објавено January 8, 2025 23:00
Сподели
Сподели

На почетокот на оваа година прокниживме последователен успех во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија, овој пат со поставување на повеќејазична табла на зградата во којашто е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“.

Ѓурѓај вели друштвото „Илинден“ во јануари 2023 до Комитетот го поднело барањето за повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и по два месеци добиле одговор дека барањето ќе биде разгледано. Но, една година подоцна, таблата сè уште не била поставена.

– Поради тоа на 25 април минатата година испративме реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот. Во средината на јуни добивме допис дека ќе биде поставена и ете, конечно е поставена. Со тоа уште една институција во Албанија доби табла на македонски јазик – посочува Ѓурѓај во изјава за МИА.

Претходно, по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

– Изразуваме голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција за нивното ангажирање да се реализира нашето барање и, секако, до Комитетот за национални малцинства, кој е владин орган, во кој свои претставници имаат деветте малцинства, признати со закон во Албанија – рече Ѓурѓај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонскиот зелник меѓу 10. најдобри пецива на светот!
Следна Статија Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е…

November 15, 2024
БАЛКАН

Вучиќ: Шарената револуција е завршена; наведе пет барања

Пет барања до институциите изнесе денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во говор на митингот „Не ја даваме Србија“ што се…

April 12, 2025
БАЛКАН

Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

Од рано утрото пред судот и Обвинителство во Нови Сад се собираат на протести граѓани и активисти и ја блокираат…

May 19, 2025
БАЛКАН

Пронајдени тинејџерите од Нови Сад, “Пронајди ме” дава резултати

По четиридневна потрага, Дуња Нециќ и Даниел беа лоцирани во воз на релацијата Белград-Петроварадин, што укажува на потребата од брза…

May 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?