Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку би чинел еден „стокец“ денес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Колку би чинел еден „стокец“ денес
ЗАБАВА

Колку би чинел еден „стокец“ денес

Објавено January 9, 2025 11:20
Сподели
Сподели

Застава 101, или попозната како „стојадин“ и „стокец“, беше и остана еден од најпрепознатливите автомобили во својата ера. Сите го сакаа и уживаа да го возат, некои ги имаат и сега, а многумина се прашуваат која би била неговата цена денес.

Застава 101 е модел развиен врз основа на Fiat 128, а светлото на денот го виде во 1971 година. Со својот иновативен концепт со пет врати, поточно комби-лимузина, брзо наиде на голем одзив кај домашните возачи.

Една од предностите беше цената. Според достапните извори, објавени од форумот Застава, цената на „стокец“ објавена во 1972 година во списанието АВТО била 40.040 динари или околу 2.084 долари во тоа време. Преведено во денешните вредности, земајќи ја предвид инфлацијата, пресметано е дека цената на тој автомобил би била околу 15.500 долари или околу 15.000 евра, пишува „Н1“.

Можеби уште подобар показател е куповната моќ на граѓаните преку просечните плати. Во доцните 1980-ти, „стокец“ беше еден од поевтините модели на пазарот, кој чинеше 38 просечни плати.

Достапен во две варијанти на мотори и во две основни верзии на каросеријата (со три и пет врати), „стокец“ постигна респектабилни бројки. Иновативниот компактен концепт пристигна на пазарот четири години пред „Голф 1“. Имаше бројни предности, но времето буквално го престигна. Кога престана да се произведува во речиси непроменета верзија, „Голф“ веќе беше во шестата генерација, пренесува „Индекс“.

Автомобилот Застава 101 се произведуваше цели 37 години, до 21 ноември 2008 година. Произведени се 1.045.458 единици, од кои 224.851 завршиле за извоз.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик се закани дека ако биде осуден, Република Српска ќе се отцепи од БиХ
Следна Статија Таен центар на УДБА во познат словенечки хотел: „Слушнав звуци, рецепционерот ме уверуваше дека нема никој“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Новогодишна Поопштонародна“ од Дуо Трио за среќна Нова 2025

„Дуо трио“ или момците од К-15 за новогодишните празници направија ремикс на нивната „Овогодишна општонародна“ песна и со неа ги…

December 27, 2024
ЗАБАВА

Волчја месечина ќе се појави на небото на 4 јануари

На 4 јануари, полна месечина ќе се појави на небото и ќе изгледа необично голем и светол. Оваа „супермесечина“ е…

January 2, 2026
ЗАБАВА

Овие четири знаци ќе го кажат судбоносното ДА во текот на летото: Проверете дали сте еден од среќните

Летото 2026 година може да биде клучно за љубовниот живот на четирите хороскопски знаци бидејќи ѕвездите им носат можност за…

June 4, 2026
ЗАБАВА

Џамбазов за Андреј: Пријателе …малкумина има како тебе, ти беше од таа специјална сорта – добри луѓе

Македонскиот музичар, актер, текстописец и шоумен, Игор Џамбазов со длабока тага изрази жалење за прерано згаснатиот живот на неговиот колега…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?