Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија

Објавено January 9, 2025 22:20
Сподели
Сподели

Рекордно ниво на странски инвестиции во 2024-та од една милијарда евра и најави за инвестициски бум годинава. Со 8 нови странски инвеститори кои ги донесе владата во втората половина од 2024-та година кои треба да ангажираат 2.800 луѓе, директорот на индустриските зони Гоце Димовски е задоволен од постигнатото лани. Бројот на вработени во зоните надминал 18.100, а просечната плата која ја исплаќаат фирмите надминала 46 илјади денари, што е повеќе од републичкиот просек и за 8.500 денари поголема од онаа во преработувачката индустрија. И покрај проблемите во автомобилскиот сектор, состојбата со извозот е задоволувачка, тој изнесувал 2,9 милијарди евра лани и треба да надмине 3 милијарди евра годинава, анализира Алфа ТВ.

Активно се работи да се претркаат конкурентските земји од регионот во привлекување на странски инвестиции. Владата моментално преговара со вкупно 15 странски компании кои треба да изберат меѓу Македонија и некоја друга држава каде да го стационираат своето производство. Владата најавува ново мега вложување од над 350 милиони евра. Овој инвеститор ќе има високотехнолошко производство и ќе има голем извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае врз обемот на брутодомашниот производ. Компанијата планира вработување на 500 луѓе. Засега не се откриваат детали од која држава е инвеститорот и во кој сектор работи.

Кризата во автомобилската индустрија во Германија неминовно ќе ги погоди и странските инвеститори кои се занимаваат со производство на автомобилски делови во земјава. Од Советот на странски инвеститори велат дека е реално да се очекуваат помали профити. Можно е да се намали обемот на работа и треба да има рационализација на трошоците за да се задржи конкурентноста.

2024-та на инвестициски план ја одбележа вложувањето на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања. Инвестицијата на „Епсотех“ е за изградба на истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Американскиот Вабтек во веќе е присутњен во земјава ќе произведува сопирачки за шински возила. Германската компанија „BMZ Group“ ќе произведува литиум јонски батерии во капацитет во вредност од 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајд“ од 8,5 милиони евра кој ќе вработи околу 200 лица. Германската „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања. „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра. Во зоната во Кичево пак фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе. 50-тина компании ќе бидат погодени и со плаќање на глобалниот корпоративенн данок од 15%, за што беа направени и законски измени овие пари да останат во целост во земјава. Се најавуваат и реформи во привлекување на нови странски инвеститори, но засега не се откриваат детали. Целта на Владата е земјава да се има најмногу странски инвестиции по глава на жител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Партизан кон крајот на осумдесеттите години имаше страшен тим
Следна Статија Нова провокација од Бугарија: Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во Македонија ќе прави панихида за Мара Бунева

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и…

January 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава

Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕБОР ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3% во 2025 и 2026

Европската банка за обнова и развој во својот есенски извештај ја ревидира нагоре проекцијата за македонската економија, прогнозирајќи раст од…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?