Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
МАКЕДОНИЈА

Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат

Објавено January 10, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 1857 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  во последното деноноќие, од коишто над половината  (55,90 проценти) биле „реални“,  а 44,10 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

-Кон Полиција биле упатени 69,16 отсто, кон Итната медицинска помош 25,65 отсто, а кон пожарникарите 1,73 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 830 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопшти утрово Центарот за управување со кризи. 

Пожари на отворен простор имало два во последното деноноќие и тие се изгаснати. Регионалниот ЦУК Битола информирал дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 14.30 до 16.00 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Габалавци, а од 08.25 до 08.45 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на гасење запалени отпадоци кај населбата Ушици. 

-Регионалниот ЦУК Скопје известува дека денеска од 10 до 15 часот е планирано минирање на каменоломот „Говрлево“ во Општина Сопиште. Од Институтот за трансфузиона медицина денеска се планирани две крводарителни акции: со членови на планинското друштво „Шари“ во Гостивар и со граѓаните  во Тетово, наведува ЦУК во соопштението.

Центарот за управување со кризи информира и за прогнозата на УХМР  за наредните денови, според која претстои студен бран со врнежи од снег.

-Согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата ако се планираат патувањата, пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, дадени од надлежните институции и служби, апелира ЦУК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се откачи белградски сплав, пловејќи по Сава зафати и други објекти
Следна Статија Тошковски: Се изготвува ново предлог законско решение за „Безбеден град“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд и нема да има никакви пречки за исплата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Член на Надзорен одбор на банка доби кривична пријава: Користел инсајдерски информации за купување акции

На ден 10.10.2024 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?