Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Се изготвува ново предлог законско решение за „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Се изготвува ново предлог законско решение за „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се изготвува ново предлог законско решение за „Безбеден град“

Објавено January 10, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан за почетокот на имплементацијата на надградбата на системот.

-Ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Тоа значи дека освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните оптички кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи за сето тоа, ќе треба да промениме и законска легислатива, ќе треба да ги подготвиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките. Ќе треба еден поширок институцонален пристап да се има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение. Овој проект е многу важен, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека секојдневно се работи на проектот, а вклучени се професори во подготовката на легислативата.

-Се надевам дека 2025 година ќе биде годината каде ќе почнеме да го имплементираме, не само на територија на Куманово, Тетово и Скопје туку на територија на цела Македонија, вели тој.

Тошковски додаде дека секој еден кој дивее по улиците ќе биде казнет, а секој еден кој го почитува законот нормално дека треба мирно да спие.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
Следна Статија Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Против уставни измени за внес на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците

На ниво на држава, според анкетата нарачана од емисијата „Детектор“, а спроведена од Институтот за политички истражувања, 64 отсто од граѓаните…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поранешната претседателка на ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија

Поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, потврдуваат од институцијата за Сител. Еден ден…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Не знаете како ми е мене, многу од нив беа мои пријатели кои на раце ги вадев, вели осомничен од обезбедувањето на дискотеката во Кочани

Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво за сите што не можев да ги спасам, рече…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лефков: 3 милијарди денари повеќе во буџетот за образование, се подобруваат условите за работа и учење и се зголемуваат платите

Предлог буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?