Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 80 евра казна ако во возилата нема синџири за снег: Грција се подготвува за големо невреме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > По 80 евра казна ако во возилата нема синџири за снег: Грција се подготвува за големо невреме
БАЛКАН

По 80 евра казна ако во возилата нема синџири за снег: Грција се подготвува за големо невреме

Објавено January 10, 2025 16:20
Сподели
Сподели

Грчките метеролози за недела најавуваат значителна промена на времето во земјата со главни карактеристики врнежи од дожд, локално невреме главно на запад и врнежи од снег главно на планините.

Во Северна Грција ќе врне снег на места со прилично мала надморска височина. Се забележува дека врнежите од дожд во источните и јужните островски предели од земјата ќе бидат локални и генерално слаби. Ќе дува силен североисточен ветер во централните, северните и јужните региони со брзина до 7 бофори, а температурата во централните и особено во северните делови од земјава ќе опадне.

Грчката служба за цивилна заштита ги предупреди локалните власти да бидат подготвени да реагираат во случај на екстремни временски услови. Постепено ќе се засилуваат ветровите во Егејското Море, што има ризик од запирање на траектите и прекин на сообраќајот од некои пристаништа.

Патниците треба да контактираат со транспортните компании пред да патуваат, советуваат властите. И, исто така потсетуваат дека дека патничките автомобили мора да бидат опремени со зимски гуми и синџири за движење во зимски услови.

Без разлика на правецот на сообраќајот, полицијата проверува дали има синџири и во отсуство изрекува казни од 80 евра.

Патувајте само со автомобили кои се сервисирани и имајте полн резервоар, советува грчката полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се најсмртоносните вируси кои се пренесуваат преку храна, СЗО објави листа
Следна Статија Meдведев главен фаворит на АО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Бројот на жители во Грција во последните години драстично се намалува, а нискиот наталитет е проблем со кој земјата ќе…

October 8, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Три лица загинаа во бродска несреќа во Хрватска

Во поморска несреќа што се случила денес околу 11:38 часот во водите меѓу островите Шолта и Брач, загинале три лица,…

June 14, 2026
БАЛКАН

Вучиќ го нагости Трамп Јуниор со прасе: Глупаво е да му нудиме шкампи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали каков специјалитет спремиле за синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор.  Вучиќ му приреди…

April 27, 2025
БАЛКАН

Пронајдени тинејџерите од Нови Сад, “Пронајди ме” дава резултати

По четиридневна потрага, Дуња Нециќ и Даниел беа лоцирани во воз на релацијата Белград-Петроварадин, што укажува на потребата од брза…

May 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?