Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ потврди: САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ потврди: САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија
БАЛКАН

Вучиќ потврди: САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија

Објавено January 10, 2025 21:50
Сподели
Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека САД вовеле санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) и додаде дека Србија ништо не придонела за тоа.

Во обраќање до граѓаните, тој рече дека САД издале официјално соопштение за тоа и оти тие само што почнале „одлуките да ги објавуваат на нивните веб-страници“.

Добивме многу објаснувања во актот за предизвестување и сакам да кажам дека тие објаснувања ќе продолжиме да ги добиваме вечерва и утре во разговори со највисоките американски претставници … кои се наши гости во Белград, рече Вучиќ.

Тој истакна дека „Србија на никаков начин не придонела за воведување вакви санкции против компаниите кои работат во нејзината земја“.

Ние на никаков начин не се мешавме во судирите на големите сили, во глобалниот конфликт, бевме внимателни, се дистанциравме … не заземавме ничија страна, денес сме соочени со тешки и сериозни санкции, рече тој.

Вучиќ изјави дека за ова прашање ништо не се крие од граѓаните на Србија и дека владата била транспарентна за се што дознала, иако, како што рече, понекогаш американските партнери биле лути поради тоа што владата излегувала во јавност пред да сакаат тие“.

Не сакавме да ги измамиме граѓаните на Србија и им ја кажавме вистината …, рече Вучиќ и додаде дека за официјален Белград „многу важни работи сè уште остануваат недоволно јасни и разјаснети“ во врска со американските санкции за НИС.

Тој потсети дека српската влада го продаде НИС на руски Газпромњефт во 2008 година.

Тогашниот претседател Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница донесоа одлука една од најважните компании да му ја предадат на Газпромњефт, се разбира за соодветна сума. Сите овие години НИС значително придонесе и за буџетот и за бројните развојни проекти на Србија, рече Вучиќ.

Тој додаде дека САД вовеле санкции за НИС неколку дена пред промената на власта во Ваингтон.

Намерата не е Србија, барем така велат, Американците не ја таргетираат, ниту е само НИС, туку сеопфатен удар на Русија, која нема производство на нафта, туку и сите поврзани компании, вклучително и НИС, рече српскиот претседател.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судот пресуди дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Сторми Даниелс, но не му следи казна
Следна Статија Скопјанка ограбена во Аеродром- маж со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со паричник и документи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Сообраќајни казни во Грција и до 1.500 евра

Ако ова лето патувате во Грција, возете внимателно и подгответе ја задолжителната опрема, грчката полиција воведе построги контроли и казни…

July 15, 2025
БАЛКАН

ПУТИН НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ Вучиќ вели дека сè е можно ако Москва биде нападната

„Ако е загрозена безбедноста на Москва, ви велам, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје. Прашањето е…

November 20, 2024
БАЛКАН

„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Бројот на жители во Грција во последните години драстично се намалува, а нискиот наталитет е проблем со кој земјата ќе…

October 8, 2024
БАЛКАН

Од 1. јануари 2026 година во Бугарија ќе се плаќа само со евра

Бугарија ги исполни условите за усвојување на единствената валута на Европската унија – еврото – од 1 јануари 2026 година,…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?