Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата
МАКЕДОНИЈА

Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

Објавено January 12, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од трагичното загинување на единаесетте припадници на Армијата, кои ги загубија своите животи враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Почит на загинатите припадници на Армија им оддадоа делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од Командата за операции, 1.пешадиска бригада, воздухопловниот ВИНГ, од општината Петровец и членовите на семејствата.

АРМ

Во таа пригода, министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дена на местото на оваа голема трагедија оддаваме почит кон македонските херои заедно со членовите на нивните семејства, херои кои никогаш нема да бидат заборавени.

Претходно во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, на спомен обележјето пред командата на воздухопловниот ВИНГ со полагање свежо цвеќе беше оддадена почит од страна на припадниците на воздухопловниот ВИНГ.

АРМ

Почит кон единаесетте загинати македонски припадници ќе биде оддадена и во меморијалниот парк во кампот Бутмир, Сараево, во Босна и Херцеговина каде што нашите припадници беа дел од мисијата АЛТЕА.

Во хеликоптерската несреќа, на денешен ден пред седумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грчки војник од Балканските војни: Тие не се Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, тие се православни Македонци
Следна Статија Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како се избира градоначалник во прв круг?

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Горан Ангелов Ќосето на слобода по 8 години затвор

Горан Агелов Ќосето по цели 8 години минати зад решетки за 27 април, доби слобода. Тој за МКД.мк ја потврдил информацијата и…

December 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сточарот Јетмир најде телефон изгубен пред четири години на Солунска глава, а планинари го најдоа сопственикот

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЈОРМ потврди: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?