Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
СВЕТ

Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти

Објавено January 12, 2025 22:00
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше одлуката на компанијата Мета да ја прекине програмата за проверка на фактите, нарекувајќи ја „навистина срамна“.

По неговиот говор за економијата Бајден рече дека одлуката ќе овозможи ширење на неточни информации што ќе ги прочитаат милиони луѓе, пренесе Ен-Би-Си Њуз (NBC News).

-Тоа е сосема спротивно од сето она за што се залага Америка. Сакаме да ја кажеме вистината, рече Бајден.

Неговата изјава следеше по изјавата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој го критикуваше отсуството на реакција за дезинформациите поврзани со пожарите во Лос Анџелес.

Њусом посочи дека надлежните треба да се „позабават“ со лажните информации кои придонесуваат за поделби во општеството.

Мета во вторникот соопшти дека ќе ја прекине својата програма за проверка на факти и наместо тоа ќе воведе систем каде што корисниците самите ги оценуваат информациите, слично на она што X го прави со својот систем „Забелешки на заедницата“.

Исто така, од компанијата најавија дека ќе ги релаксираат и правилата поврзани со политичките содржини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосно обновен подот каде вежба балетскиот ансамбл на Националната опера и балет
Следна Статија Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Тлото се тресеше, никој не верува дека е земјотрес, дали Иран го изврши првиот нуклеарен тест

Неколку дена по објавувањето на веста за земјотрес во иранската провинција Семнан, на социјалните мрежи продолжија шпекулациите дека потресите биле…

October 12, 2024
СВЕТ

На авион на „Ер Канада“ му се запали моторот при слетување (ВИДЕО)

Авион на „Ер Канада“ принудно слета на меѓународниот аеродром Халифакс Стенфилд, откако синоќа доживеа дефект на опремата за слетување. Авионот…

December 29, 2024
СВЕТ

Куба ја погоди земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Куба, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран…

December 23, 2024
СВЕТ

Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?