Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 
ХРОНИКА

Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 

Објавено January 13, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се виновни за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е ослободена од вина. Вака денеска одлучи скопскиот Кривичен суд.

Според пресудата, Горан Грујевски, ексначалникот на Петтата управа, кој е во бегство, доби 14 години и шест месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа. На Никола Бошковски, вработен во УБК, кој исто така е во бегство, за истите дела судот му додели казна затвор од 9 години и 10 месеци.

Судијата Илија Трпков на Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, му досуди три години затвор.

Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор. Таа нема да се изврши доколку обвинетата во рок од пет години не направи друго кривично дело.

Според судијата Трпков, Јанкулоска не учествувала во уништувањето на опремата заедно со другите обвинети.

„Обвинетата Јанкулоска се ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува“, рече судијата Трпков.

Судијата пресуди и Грујевски, Јакимовски и Бошковски да ја надоместат направената штета во износ од 87 422 668 денари во рок од три месеци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Зеленски објави снимка од заробени Севернокорејци, му постави услов на Ким Џонг-ун
Следна Статија МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско–Прилеп: Двајца прилепчани го загубија животот

Две лица го загубија животот, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила…

June 12, 2026
ХРОНИКА

Тројца повредени во тешкиот судир синоќа во Центар

Три лица се повредени во тешката сообраќајка која се случи синоќа во Центар, а за која беа споделени видеа на…

January 16, 2025
ХРОНИКА

Струмичанец осомничен за силување на малолетник

На 24.10.2024 во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица, кој…

October 25, 2024
ХРОНИКА

Имал забрана, а возел пијан- уапсен велешанец

На 28.02.2026 во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?