Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт „Југославија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт „Југославија“
БАЛКАН

Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт „Југославија“

Објавено January 13, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Хотелот „Југославија“ во Белград, еден од симболите на моќта и престижот на поранешна Југославија, кој во тоа време го посетија американскиот претседател Ричард Никсон и германскиот канцелар Вили Брант, како и многубројни истакнати личности, како астронаутот Нил Армстронг и британската кралица Елизабета Втора, исчезна на почетокот на декември минатата година под багерите.

Целосно беше урнат за да се отвори нов хотелски комплекс. Меѓутоа, во хаосот на уривањето остана во воздухот прашањето – каде заврши импресивниот лустер со кристали „сваровски“, кој своевремено влезе во Гинисовата книга на рекордите како најголем кристален лустер во светот.

Кога беше отворен во 1969 година, хотелот беше меѓу петте најголеми во Европа и важеше за еден од најлуксузните и најубави хотели во светот благодарение, меѓу другото, и на неговиот романтичен поглед на Дунав и споменатиот лустер со 5.000 светилки, тежок дури 14 тони. Бил долг 30 метри и широк пет метри, а бил направен од 40.000 кристали „сваровски“.

Хотелот „Југославија“ беше отворен 1969 година, а неговата изградба траела речиси 20 години. Под работен наслов „Београд“, а според дизајнот на хрватскиот тим архитекти, составен од Младен Каузлариќ, Лавослав Хорват и Казимир Остроговиќ, изградбата била завршена во 1967 година, а хотелот официјално бил отворен две години подоцна.

Инвеститорот на новиот комплекс на локацијата на хотелот, „Милениум“, тврдеше дека познатиот лустер ќе биде реставриран и поставен во новата хотелска зграда. Сепак, до ден-денес, како што пренесуваат српските медиуми, останува непознато како бил демонтиран лустерот и каде се чувал.

Хотелот „Југославија“ беше продаден за нешто повеќе од 27 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкулоска
Следна Статија Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Крвава драмаво Сараево: Ја усмртил жената, пукал во нејзиниот брат

Маж застрелал жена во стан во Сараево, а потоа и нејзиниот брат, по што избегал. Полицијата е на терен и…

May 1, 2026
БАЛКАН

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е официјално предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада,…

May 19, 2026
БАЛКАН

Камионџија од Македонија усмртил пешак во Србија и избегал – го фатиле по 320 километри

Триесет и тригодишен стружанец е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, по што избегал, а…

March 25, 2026
БАЛКАН

Осомничените за убиството на Данка Илиќ можат да бидат ослободени за два дена

Иако вчера Вишиот суд во Зајачар требаше да донесе одлука за обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ осомничени за…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?