Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
МАКЕДОНИЈА

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Објавено January 14, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал.

Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името посветено на Свети Василиј.

Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. На сатиричен и уникатен начин во релаксирана атмосфера во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби фудбал играа поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици продефилира и екс директорот на УБК Сашо Мијалков со црвеното „ферари“. Вевчанци на сатиричен начин побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи, не го заборавија ниту бегството на екс вицепремиерот Артан Груби. Дел од маските беше и Бугарски администратор, Планетата на мајмуните, инспирирани од истоимениот филм, веселата „Вевчанско вече“, тимот на вевчанската женска фудбалска репрезентација, како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки….

Поворката ја предводеа традиционалните маски со зетот и невестата заштитувани од ѓаволи и глупави Августи, веднаш зад нив одеше оркестарот со зурли и тапани.

Вевчани изминатите два дена претставува отворена театарска сцена, без сценарио и режија, каде дефилираа голем број маскирани вевчанци, пред своите сограѓани, но и бројна публика од земјава и странство.

Вевчанскиот карневал, датира од настанокот на селото, со традиција од околу 15 века. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Многу скоро ќе се сретнам со Путин
Следна Статија Искодоши и заработи: Виетнам најде начин за да го реши сообраќајниот хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зајакнување на економските врски, трговијата, инвестициите и технолошкиот развој со Стопанската комора на Дубаи

За време на престојот во ОАЕ, ја посетив и Стопанската комора на Дубаи, каде што се сретнав со претседателот и…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Единаесет години од „Диво насеље“ – Куманово се сеќава на загинатите херои

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“, еден од најтешките безбедносни настани во поновата…

May 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ги празнуваме светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денеска се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари

Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?