Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Lynk&Co 01 пристигна во Македонија: Нов стандард за иновативна мобилност!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Lynk&Co 01 пристигна во Македонија: Нов стандард за иновативна мобилност!
Blog

Lynk&Co 01 пристигна во Македонија: Нов стандард за иновативна мобилност!

Објавено January 14, 2025 18:50
Сподели
Сподели

Делфино Мобилити Груп, официјален застапник на Lynk&Co за Македонија, го претстави на македонскиот пазар најновиот хибриден модел Lynk&Co 01. Со Lynk&Co 01, македонските купувачи добиваат компактен PHEV хибриден SUV кросовер кој нуди врвни карактеристики и технолошки иновации.

Овој модел е дизајниран и проектиран во Шведска и произведен во модерните фабрики на Geely во Кина. Lynk&Co 01 го комбинира кинескиот иновативен дух и шведската инженерска прецизност, со технолошки решенија како мотор и платформа што ги дели со модели на Volvo и Geely.


Како прв модел на Lynk&Co достапен во Европа, 01 обезбедува 75 километри чисто електрично возење со 1,5-литарски бензински мотор од 261 коњски сили. Комбинираната потрошувачка на гориво изнесува само 1,0 l/100km (според WLTP), со забрзување од 0 до 100 km/h за 8 секунди и минимални емисии на CO₂ од само 24 g/km.
Lynk&Co 01 припаѓа на сегментот блиску до премиум и нуди опрема што кај други производители обично се наплаќа дополнително. Панорамски покрив, задната врата со далечински управувач, сателитска навигација со информации за сообраќајот, како и систем за безбедност со камера од 360 степени и откривање на возила во слеп агол се дел од стандардната опрема.


Моделот се издвојува со својот напреден централен дисплеј од 12,7 инчи, кој поддржува безжично поврзување со Android Auto и Apple CarPlay. Ова овозможува непрекината поврзаност и персонализирано корисничко искуство. Дополнително, вградената камера за патување овозможува снимање и зачувување на патувањата.
Во однос на безбедноста, Lynk&Co 01 доби целосна оценка од пет ѕвездички во престижната Европска програма за проценка на нови автомобили (EuroNCAP) во 2021 година. Гаранцијата за моделот е 4 години или 120.000 километри, додека гаранцијата за батерискиот систем е продолжена на 96 месеци.
Редовната цена на Lynk&Co 01 изнесува 46.990 евра, но за првите купувачи е достапен по специјална „Welcome“ цена од 39.990 евра. Доплата за ексклузивната боја Aurora Blue е 960 евра. Автомобилот е достапен за тест возење и може да се најде во салонот во Џевахир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три намирници го зголемуваат нивото на кортизол во крвта
Следна Статија Мицкоски: Наместо да ги оставиме како споменици на минато лошо време, годината ја започнавме со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Економијата е главна тема во САД, како земјата се наближува до конгресните избори во 2026 година. Впрочем, Трамп беше избран…

May 18, 2025
Blog

Биткоин достигна рекордна вредност над 80 илјади долари

Првпат надминат прагот од 80 илјади долари Денес, Биткоин забележа нов историски максимум, достигнувајќи вредност од 80.047 долари за еден…

November 11, 2024
Blog

Путин нареди зајакнување на соработката со Кина во развојот на вештачката интелигенција

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на руската влада и најголемата државна банка Сбербанк да ја засилат соработката со Кина…

January 1, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Близнаци – четврток, 30 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е ден заситен со можности за фокусирање на личниот раст и вдихнување на нова…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?