Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши Вевчанскиот карневал, вевчанци и оваа година беа супер инвентивни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Заврши Вевчанскиот карневал, вевчанци и оваа година беа супер инвентивни
МАКЕДОНИЈА

Заврши Вевчанскиот карневал, вевчанци и оваа година беа супер инвентивни

Објавено January 14, 2025 22:50
Сподели
Сподели

Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во центарот на Вевчани, заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал.

Вевчанци, според преданијата, симболично го избркаа злото и со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар. Претходно двете василичарски друштва Горна и Долна маала ги посетија сите куќи чиј домаќин го носи името на Свети Василиј.

Палењето на маските, како што тврди василичарот Сашо Бетоски, е наметнат ритуал и василичарите не го прифаќаат.

– Ние како василичари не го викаме палење на маските, туку ослободување од товарот што василичарите го носат два дена. Некој низ годините ги запалил маските што ги носеле и било пренесено како палење. Надворешно е прифатено, за нас василичарите не е палење на маските. Ние маските си ги чуваме. Изложени се во горно маалските и долно маалските конаци, да можат да ги видат посетителите, вели Бетоски.

Вевчанци, посочува уште од утре ќе почнат да размислуваат во што ќе се маскираат идната година.

Во фокусот на Вевчанскиот карневал и оваа година беа актуелните состојби во земјава и светот. Поворката ја предводеа традиционалните маски со зетот и невестата заштитувани од ѓаволи и глупави августи, веднаш зад нив одеше оркестарот со зурли и тапани. Маскирани во групи на сатиричен и уникатен начин во релаксирана атмосфера во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби фудбал играа поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици продефилира и екс директорот на УБК Сашо Мијалков со црвеното ферари.

Вевчанци на сатиричен начин побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи, не го заборавија ниту бегството на екс вицепремиерот Артан Груби. Дел од маските беше и Бугарски администратор, Планетата на мајмуните, инспирирани од истоимениот филм, веселата „Вевчанско вече“, тимот на вевчанската женска фудбалска репрезентација, како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки….

Вевчанскиот карневал, со традиција од околу 15 века, симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Локален огранок на германската АФД им ставила повратни билети на странците во поштенските сандачиња
Следна Статија Македонија вечерва против Унгарија го стартува настапот на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Амбасадорот кој гласаше за промена на името се враќа дома, повлечена и Руси од Бугарија

Доколку одлуката на Законодавно-правната комисија помине и на собраниска седница, амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево,…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Општина Ѓорче Петров ќе додели по 8.000 денари за секое новороденче

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека по 8000 денари финансиска поддршка ќе добијат семејствата за секое новороденче.…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Заврши 17-от„Марш на ангелите“ во Кочани

Заврши 17-от Марш на ангелите во Кочани кој денеска повторно се одржа откако минатата сабота паузираше поради верскиот и државен…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици и не дека нема што да кажеме, но ќе оставиме да видиме…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?