Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За три пати зголемен бројот на заболени од грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > За три пати зголемен бројот на заболени од грип
ЗДРАВЈЕ

За три пати зголемен бројот на заболени од грип

Објавено January 16, 2025 14:40
Сподели
Сподели

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со првата недела од јануари. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.

За првпат оваа сезона, пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно надминат е прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15 до 64 години, 179 се деца на возраст од пет до 14 години, а 144 до четири години. Деведесет и седум се лица на возраст над 65 години.

Најголем е бројот на заболени во Скопје (305) по што следуваат Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци со 62, а во останатите градови, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.

– Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за сезонска активност за првпат оваа сезона. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 проценти за првпат оваа сезона. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип, заклучуваат од ИЈЗ.

Оттаму потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со втората недела од годинава, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков
Следна Статија Примале хонорар а живееле во странство – директор на ЈКП „Гази Баба-2007“ обвинет за проневера

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци,…

December 31, 2024
ЗДРАВЈЕ

Научниците од Харвард утврдиле дека литиумот има влијание на здравјето на мозокот- лекува ли Алцхајмер?

Нова студија за прв пат покажува дека литиумот игра клучна улога во нормалната функција на мозокот и може да обезбеди…

August 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Наредната недела почнува вакцинацијата против грип

Над 14 000 граѓани за три дена се пријавиле за вакцинација против сезонскиот грип. Имунизацијата според најавите на здравствените власти…

October 14, 2024
ЗДРАВЈЕ

Три намирници кои имаат позитивен ефект врз функционирањето на тироидната жлезда

Тироидната жлезда е мала жлезда во облик на пеперутка, сместена на предниот дел од вратот, но нејзината улога во телото…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?