Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паневропска унија: Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Паневропска унија: Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите
МАКЕДОНИЈА

Паневропска унија: Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите

Објавено January 17, 2025 12:52
Сподели
Сподели

Неоправдан е едностран пристап што му го порекнува правото на македонскиот народ на свој јазик и идентитет и со кој се тврди дека македонската нација е создадена по вештачки пат. Според таа логика, може да се постави прашањето „која нација во Европа не е ваштачка?“. Ако се следи таквата перспектива, тоа ќе отвори бројни спорови меѓу Австрија и Германија, Белгија и Холандија, Шведска и Норвешка и тој список може да продолжи уште подлабоко во далечното минато. Да пратиме силна и јасна порака, Македонија е зрела и подготвена земја за брзо почнување на пристапните преговори и за полноправно членство во ЕУ. Македонија може да послужи како модел за други земји во Југоисточна Европа, покажувајќи дека патот кон европската интеграција е остварлив, рече денеска генералниот секретар на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ на меѓународната конференција „Бизнис дипломатијата-начин за раст на економијата и меѓународната соработка“.

Како што напомена Баришиќ, Програмата за европско обединување на Паневропска унија стави крај на таквите бесмислени спорови и и овозможи на ЕУ да се етаблира како најуспешна мирна сила во светот повеќе од седум децении. Поминаа две децении, потсети, откако Македонија доби статус на земја кандидат за членство, но, напредокот е забавен од бројни пречки.

-Земјата покажа дека таквите пречки може да се надминат преку одржување добрсоседски односи. Граѓаните на оваа земја разрешија долгорочни спорови со Грција и веруваме дека истото ќе го постигнат и со Бугарија. Оваа конференција е одлична можност да се реафирмира неопходноста од зајакнување и забрзување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, а „граѓаните од оваа земја го заслужија тоа преку нивниот значаен приднес кон мирот и стабилноста во Југоисточна Европа“. Зајакнувањето на европската безбедност и дипломатија е во сечиј интерес и да и се посака добредојде на Македонија во ЕУ ќе придонесе кон таа цел. Ајде да го поддржиме проширувањето на ЕУ со тоа што ќе ја воведеме Македонија, а се разбира и другите земји од ЈИЕ кои аспирираат кон мир и стабилност. Овде денес гладам паневропски пријатели од Бугарија и се надевам дека ќе можат да доведат и да го олеснат изнаоѓањето решение на овој необјаснив спор, истакна генералниот секретар.

Тој претходно ја пренесе и пораката од Претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Ален Терeноар.

-Кој можеше да разбере дека Словенија, поранешна југословенска република, е полноправна членка на ЕУ повеќе од 20 годиниа, а Македонија, уште една таква република од истата федерацијам, се уште чека да биде примена. Паневропската унија смета дека ова е неразбирливо и неприфатливо, исто како што не може да прифати дека други земји кандидатки од ЈИЕ остануваат во чекалната на ЕУ. Во време на растечките глобални закани, Европа мора да дејствува како сила и да ги заштити своите легитимни интереси кои се од темелно значење за нејзината независност што, исто така, е причината поради која ЕУ мора да ги реформира своите институции за да постигне вистински демократско,и ефективно и одговорно управување, истакна Баришиќ.

Генералниот секретар на Меѓународната паневропска унија ја пофали земјава дека има амбициозна и проактивна дипломатија посветена на придвижување на евроинтеграцискиот процес.

Како бизнисот и дипломатијата може да си помогнат и колку е важна инфраструктурата за остварување на таа цел, се прашањата во фокусот на денешната меѓународна конференција што се одржува во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје. Покрај Баришиќ, воведни обраќања имаа и амбасадорот Андреј Лепавцов, претседател на Паневропската Унија на Македонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, како и Карло Реслер, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Македонија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што има во магичната таблета на Ноле?
Следна Статија Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80% усогласеност на законодавството со ЕУ, да креираме единствен Национален план

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Бројот на пожари висок, но досега успешно се справуваме, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Во справувањето на пожарите од воздух на располагање се ставени двата „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување и…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не бил само еден патник во возот Скопје-Куманово (ВИДЕО)

Kако одговор на тврдењаta дека немало интрес за патување со воз на релација Скопје -Куманово и дека на оваа линија…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Евакуирана и затворена Зоо Скопје, пронајден „птичји грип“ кај гуска

Скопската Зоолошка градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените. Неофицијално, Зоо Скопје е затворена поради пронајдена бактерија…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кочани беше момент на национален шок, но и општествена катарза, мораме да извлечеме лекции, кажа претседателката

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?