Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два случаи на голема кашлица во Скопје: Заразени 5-месечно бебе и 4-годишно дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Два случаи на голема кашлица во Скопје: Заразени 5-месечно бебе и 4-годишно дете
ЗДРАВЈЕ

Два случаи на голема кашлица во Скопје: Заразени 5-месечно бебе и 4-годишно дете

Објавено January 17, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Два случаи на голема кашлица се евидентирани од 10 до 16 јануари. Станува збор за деца од Скопје, едното на возраст од пет месеци и невакцинирано, пријавено на 10 јануари, а второто на возраст од четири години, комплетно вакцинирано, пријавено во понеделникот. Двете деца се амбулантски лекувани, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје.

Претходниот седмодневен период немало ниту еден случај на голема кашлица.

Од 27 декември до 2 јануари беше пријавен еден случај на голема кашлица. Тогаш од Институтот информираа дека детето се лекува болнички. Бебето од Скопје било старо два месеца, невакцинирано затоа што не ја достигнало возраста за вакцинација.

Во периодот 2024/25 година, заклучно со 16 јануари, на територија на државата регистрирани се вкупно 1.176 лица заболени од голема кашлица, со инциденца од 64/100.000 жители.

На 14 јануари, пристигната била одјава на епидемијата во Куманово со вкупно регистрирани 107 заболени лица. Последниот пријавен случај е регистриран на 18 ноември. Од Институтот нагласуваат дека епидемијата на територијата на град Скопје сè уште е во тек.

Од 18 јануари 2024 до вчера, на територија на државава дадени се вкупно 94.822 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Донираните автобуси во ЈСП ќе „остарат“ паркирани, уште чекаат на каско осигурување
Следна Статија Не можевме против судиите и силната Холандија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ

Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на мајмунски сипаници, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Кардиологот Сашко Кедев денеска истакна дека тужбата, што претходно му ја најави Клиничката болница „Аџибадем Систина“, доколку не прецизира во…

August 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР…

July 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Dove гелот за туширање повлечен од пазарот

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ, ги информира…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?