Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Џоан Плорајт, една од најценетите британски актерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Почина Џоан Плорајт, една од најценетите британски актерки
ЗАБАВА

Почина Џоан Плорајт, една од најценетите британски актерки

Објавено January 17, 2025 21:20
Сподели
Сподели

Една од најпочитуваните британски актерки, Џоан Плорајт, почина на 95-годишна возраст. Таа беше истакната личност на сцената и на екранот и вдовица на легендарниот Сер Лоренс Оливие. Почина синоќа, по долго и тешко боледување.

Родена е на 28 октомври 1929 година во Бриг, Англија, а нејзината кариера во театарот, филмот и телевизијата траеше повеќе од 60 години.

Актерката беше добитничка на два Златни глобуса и награда Тони, а беше особено позната како една од двете актерки кои освоија два Златни глобуса во истата година. Таа исто така беше номинирана за Оскар во категоријата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот „Волшебен април“ од 1991 година, а беше и номинирана за Еми и БАФТА.

Џоан Плорајт беше во брак со еден од најголемите актери на 20 век, Лоренс Оливие, по неговиот развод со Вивиен Ли. Тие се запознале во 1961 година, кога заедно глумеле во „The Entertainer“ филм во режија на Тони Ричардсон.

Во тој филм Оливие го играше ликот на Арчи, забавувач кој има проблеми во личниот живот, а Плорајт ја играше улогата на неговата ќерка, Жан.

Откако му стана сопруга на Оливие, Џоан Плорајт стана главен драматург во Националниот театар, кој Оливие го основа. Во 1978 година, таа ја освои наградата Лоренс Оливие за актерка на годината за нејзината улога како Филумена во претставата Филумена Мартурано.

За време на нејзината кариера играше во многу престижни театри, меѓу кои и Old Vic, Royal Court, Theatre Royal и the Globe, а нејзините улоги во класиците на Шекспир, Чехов и Едвард Олби се сметаат за ремек-дела, пишува Би-би-си.

Џоан Плорајт зад себе остави речиси четириесет филмски улоги и бројни телевизиски настапи. Кралицата Елизабета Втора ѝ ја додели титулата „Дама“ во 2004 година за нејзиниот придонес во театарот и во филмот.

Последен пат таа настапи во 2014 година, откако го загуби видот и се повлече од сцената.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на нафтата близу 81 долар
Следна Статија (ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Џejmс Камерон и Bili Eiliš во епски 3D музички филм

Филмската компанија Paramount најавува иновативен музички концертен филм кој ветува визуелно и звучно доживување

November 25, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“

По повеќегодишна пауза, македонската пејачка Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“, со чие прво…

October 27, 2024
ЗАБАВА

По 40 години се враќа „Бушава азбука“

После 40 години, легендарната телевизиска емисија „Бушава азбука“ повторно ќе се врати на малите екрани.  Песната е дел од новата…

December 22, 2024
ЗАБАВА

Познати режисер тврди: Иднината би можела да биде пострашна од сценариото на Терминатор

Во времето кога Џејмс Камерон го снимаше Терминаторот, кој беше во средината на 1980-тите, идејата дека машините и технологијата можат…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?