Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари
ХРОНИКА

72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари

Објавено January 18, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби
Следна Статија Човек висел 70 километри на воз кој возел со брзина од 282 км/ч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдениот труп во Штип е на Славе Димитриевски, штипјанец по кој се трагаше шест месеци

Телото на исчезнатиот Штипјанец Славе Димитриевски (86), по кого се трагаше од 14 август 2024, е пронајдениот труп при ископ…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност…

April 3, 2025
ХРОНИКА

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

По кратко боледување попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар и екс портпарол на Влада, Агим Јонуз. По неколку дневна хоспитализација…

October 25, 2025
ХРОНИКА

Германец скршил 5 пршлени на р’бетот при параглајдинг несреќа на Галичица

Планинската спасителна служба Охрид извести дека вчера, околу 18:30 часот, добила повик од група параглајдеристи кои летале од падините на…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?