Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен
Blog

Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен

Објавено January 18, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Годишната инфлација во еврозоната порасна на 2,4% во декември, од 2,2% во ноември. Во декември минатата година годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 2,9 отсто.

Во Европската унија инфлацијата во декември била 2,7 отсто во однос на декември минатата година, додека пред 12 месеци годишната инфлација била 3,4 отсто, објави Евростат, статистичката агенција на Европската унија.

Најниска годишна стапка на инфлација забележаа Ирска (еден отсто), Италија 1,4 отсто и Луксембург, Финска и Шведска 1,6 отсто.

На другата страна беше Романија со пораст на цените од 5,5%, Унгарија со инфлација од 4,8% и Хрватска со 4,5%.

Во споредба со ноември, цените пораснале во 19 земји, во една останале стабилни, а во седум опаднале.

Најголем придонес во растот на цените во декември имаа услугите, а потоа храната, алкохолот и тутунот. Значително помал придонес имаат цените на индустриските производи, а придонесот на енергијата изнесува само 0,01 процентен поен.

Базичната инфлација, без цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот во еврозоната, изнесуваше 2,7%.

Најниско ниво на годишна инфлација во еврозоната е забележано во септември – 1,7%, а во следните четири месеци индексот на потрошувачките цени бележи раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија
Следна Статија Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Everyone’s Favorite Slopulist Scapegoat – The Bulwark

Trump and populist Dems have linked arms to “fix” the housing crisis.

February 21, 2026
Blog

Лука Дончиќ има згодна адвокатката, тарифата и е 1000 долари од час

Во екот на разводот на Лука Дончиќ се појави и неговата згодна адвокатката. Станува збор за Лаура Васер која ја…

March 25, 2026
Blog

Мицкоски: Наместо да ги оставиме како споменици на минато лошо време, годината ја започнавме со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти

Годината ја започнавме со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти: експресниот пат Куманово-Крива Паланка, делницата Градско-Дреново-Фариш од Коридорот 10Д…

January 14, 2025

Починато лице пронајдено во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција

Во СВР Скопје вчера во 16.48 часот било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?