Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се вршат претреси и се приведуваат повеќе лица поради продажба на дрога, велат од ОЈО ГОКК по апсењето на Штекли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се вршат претреси и се приведуваат повеќе лица поради продажба на дрога, велат од ОЈО ГОКК по апсењето на Штекли
ХРОНИКА

Се вршат претреси и се приведуваат повеќе лица поради продажба на дрога, велат од ОЈО ГОКК по апсењето на Штекли

Објавено January 18, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат акција на повеќе локации.

Од ОЈО ГОКК потврдуваат дека акцијата е во тек, а повеќе детали најавуваат за утрешниот ден.

По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога, велат од ОЈО ГОКК.

Претходно МВР потврди дека уапсен е Раде Трајковски – Штекли, неофицијално при обид да ја напушти земјава.

Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите. Тој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари, ѝ се јавиле дека ќерката имала сообраќајка
Следна Статија РФМ доби казна од ИХФ и предупредување дека може да играме без публика на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

17-годишник од Скопје сакaл да си го убие татка си

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Имено…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“ – плаќале и до 250.000 евра за убиство

Неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал…

December 16, 2024
ХРОНИКА

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР…

September 2, 2025
ХРОНИКА

Таа се разведувала од него, тој и ставил уред за следење на автомобилот

Скопјанка пријавила во полиција дека сопругот со кој се разведувала ѝ поставил уред за следење во возилото. Ова е една…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?