Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
БАЛКАН

„Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија

Објавено January 20, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар во кој досега загинаа осум лица, а седум беа повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на жителите на домот. Мажот, чија мајка била корисничка на домот за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива, и дека се надева на најдобро.

Таа била на приземје во делот кој изгорел. „Немам информации дали е жива и каде е. Последен пат бев тука на 9 јануари кога на мајка ми и донесов работи и се што и требаше. Таа потоа прими терапија“, раскажува тој за „Блиц“.

На местото на настанот пристигнала и брачна двојка, а таткото на мажот бил жител на овој дом.
„Свекор ми беше внатре, во самиот дел кој целосно изгоре. Токму под оџакот“, вели видно потресена жена.

Таа додава дека немаат информации за неговата состојба, но дека знаат дека се пронајдени четири машки тела во целосно јагленисана состојба.
Медиумите потсетуваат дека најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Србија.

Како што соопштија од српската полиција, постојат основи на сомнение дека пожарот е подметнат, а полицијата во соработка со надлежното обвинителство продолжува интензивно да работи на утврдување на сите околности и факти за овој настан.

Во моментот на пожарот во домот имало 30 лица, од кои осум починале, седум лица се повредени, од кои на тројца им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, а четворица на ВМА. Останатите корисници се сместени во друг дом за стари лица, пренесува медиумот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На УФЦ спектакл: Нурмагомедов ја скрши дланката во првата рунда, а ги издржа сите пет (ФОТО)
Следна Статија Мицкоски на средба со Нунес, Битов, Галина и Павловски: Можност за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бебе се роди во такси во Црна Гора

Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да…

December 27, 2024
БАЛКАН

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на…

June 30, 2025
БАЛКАН

Цените во Грција изненадуваат: Што ве чека на едни од омилените туристички дестинации?

Доколку летово планирате да одите на одмор во Грција, корисно е однапред да ги знаете цените, поточно колку ќе ве…

May 10, 2025
БАЛКАН

Данка Илиќ не е меѓу децата пронајдени во Брчко

 Вршителот на должност јавен обвинител на Дистриктот Брчко, Радмило Ивановиќ, изјави дека е утврден идентитетот на 19 од вкупно 31…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?