Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана
ХРОНИКА

„Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана

Објавено January 20, 2025 16:22
Сподели
Сподели

Групата која ја киднапираше Вања Ѓорчевска на 27.11.2023 година се обидела тоа да го стори и три дена претходно. Нејасно е зошто се откажале од намерата.

Обвинителството на денешното рочиште за убиствата презентираше и снимка од системот „Сејф сити“ (Безбеден град) на кој се гледа „цитроенот“ на Панче Жежовски како од населбата Маџари, Триангла, преку Автокоманда се упатува на 24.11 кон улицата „Наум Наумовски Борче“ пред зградата каде живее Вања во Центар.

Во 6 часот и 38 минути кога веќе било разденето се гледа како возилото се движи на булеварот кај Автокоманда.

„Циторенот“ во 6 часот и 44 минути е забележан и пред Влада и на семафорот врти лево. Потоа кај бензиската на „Макпетрол“ врти десно и продолжува по улицата „Орце Николов” и се движи по Дебар Маало. На следната снимка се гледа како возилото доаѓа од кај Општина Центар и хотел „Сити Парк“ и доаѓа пред зградата на Вања во 6 часот и 49 минути.

Ова покажува дека „цитроенот“и три дена претходно се движел по истата рута како и на критичниот ден, објасни Обвинителката Жанета Трајковска.

Тие денови групата неколку пати го преместувала „цитроенот“ од месноста Триангла во населбата Бутел.

На сите овие снимки не се гледа кој го вози автомобилот, но се гледаат три лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни
Следна Статија Почина истакнатиот анестезиолог прим. д-р Мирјана Петровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на…

August 4, 2025
ХРОНИКА

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

 Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот  Тасе Илиевски,  и 58-годишниот вработен   Марјан Ангелов, се виновни  за кривично дело „тешки дела…

July 25, 2025
ХРОНИКА

Во 13 часот на Партизанска кај „Силбо“ – протест за трагичната смрт на Фросина

Граѓани најавија дека денес излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино.…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација

Во Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Стојанче Јовановски денеска даде исказ во кој изнесе своја верзија за односите со…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?