Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Треба да се купи нов владин авион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Треба да се купи нов владин авион
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Треба да се купи нов владин авион

Објавено January 21, 2025 10:23
Сподели
Сподели

Ако сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен авион што ќе одговара на потребите на државниот врв и ќе обезбеди безбедно и економично патување за поголеми делегации, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во интервју за емисијата „360 степени“.

Како што објасни Томовски, владиниот авион „лирџет 60“, купен во 2005 година, веќе не ги исполнува потребите на државата – има само шест седишта, често се расипува и неговото одржување станува финансиски товар. Последниот дефект, кој предизвикал протекување на гориво од резервоарите, дополнително ја истакнува сериозноста на ситуацијата.

„Авионот редовно се одржува, но сепак е премногу стар за да ги издржи потребите на делегациите и честите патувања“, рече Томовски

Томовски предложи набавка на нов или половен авион кој би бил не постар од две до три години и би имал најмалку 14 седишта.

„Сметам дека ова треба да биде тема на заеднички консензус меѓу власта и опозицијата. Важно е сите да се согласиме дека државата треба да има соодветно летало,“ додаде тој.

Цената на нов авион се движи од 30 до 40 милиони евра, но половен авион може да се набави за околу 15 милиони евра, според проценките на Службата. Сепак, Томовски нагласува дека одлуката треба да ја донесат стручни лица, како пилоти и авиомеханичари, кои најдобро ја разбираат состојбата на пазарот и барањата за безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената достигнува и до 100 евра: Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин арена“
Следна Статија ВИДЕО: Закерберг се заборави на инаугурацијата на Трамп, погледот заврши во бујното деколте на вереницата на Џеф Безос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„На матурска прослава без автомобил, без конзумирање алкохол: МВР со апел за безбедни матурски прослави

Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство, а сме во иста состојба како пред 20 години

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор…

March 4, 2025
БАЛКАНМАКЕДОНИЈА

Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

Сместена во срцето на Балканот, Македонија е земја на фасцинантни природни контрасти, од живописни рамници до планини што се издигнуваат…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?