ВИДЕО: Закерберг се заборави на инаугурацијата на Трамп, погледот заврши во бујното деколте на вереницата на Џеф Безос

- Advertisement -

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, беше фатен како гледа во деколтето на вереницата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, за ​​време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

Санчез го привлече вниманието појавувајќи се во провокативен корсет и бело сако во свечената сала на Капитол.

Закерберг, кој седел до Санчез, наводно фрлил поглед на нејзиното впечатливо деколте додека чекале да започне церемонијата.

Неговата сопруга Присила Чан, пак, беше облечена во пристојна комбинација со бисерно ланче и блуза закопчана до врат.

Снимката од овој момент брзо стана вирална, а корисниците на социјалните мрежи прават шеги.

-Можеби Марк Закерберг сепак е човечко суштество, напиша шеговито еден корисник на X.

Сподели ја оваа статија