Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност
МАКЕДОНИЈА

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност

Објавено January 21, 2025 14:28
Сподели
Сподели

Mинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата во сајбер просторот.

Oваа стратегија означува пресвртница во напорите на државата да ја заштити својата дигитална инфраструктура и да изгради побезбедна, посигурна иднина за сите.

Стратегијата се донесува по тригодишен јаз без национална рамка за сајбер безбедност, при што отсуството на сеопфатна сајбер регулатива ја остави земјата изложена на зголемени закани. Македонија се соочи со зголемени сајбер напади, хибридни закани, закани за бомби и кампањи за дезинформација, што ја истакнува итната потреба за координиран и стратешки пристап.

Министерот Андоновски истакна дека „Стратегијата се појавува во време кога посветеноста кон нашата дигитална инфраструктура и дигитализацијата воопшто, никогаш не бил поголем. Затоа, Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 не треба да се сфати како реакција на предизвиците, туку и како рамка што гледа напред за создавање безбедна дигитална иднина за секој граѓанин, компанија и институција во државата.“

Визијата на Стратегијата е да се изгради безбеден, флексибилен, одржлив и инклузивен дигитален екосистем кој го поддржува економскиот раст, ги штити правата на граѓаните и ја поттикнува довербата во дигиталните технологии.

Андоновски подвлече дека Стратегијата идентификува пет клучни приоритетни области, и тоа Зајакнување на националните капацитети за сајбер-безбедност, обезбедување на критичните инфраструктури и системи, градење на сајбер-отпорно општество, минимизирање на влијанието на сајбер инцидентите и подобрување на националната и меѓународната соработка.

За да се постигнат овие приоритети, стратегијата воведува критични мерки, содржани во детален Акциски план и индикативен финансиски план. Некои од овие мерки влучуваат и: формирање Национален совет за сајбер безбедност, оформување на централизиран систем за одговор на инциденти, проширување на програмите за едукација и обука за сајбер безбедност, искористување на напредните технологии, како што се вештачката интелигенција и машинското учење и развивање правна рамка за сајбер безбедност – усогласена со директивите на ЕУ.

Министерот Андоновски го нагласи високиот влог на неактивноста: „Дигиталната трансформација на нашата држава е суштинска, но исто така е и нашата подготвеност да одговориме на ризиците. Како што видовме од сите досегашни сајбер напади врз критични сектори, заканите со бомби и координираните кампањи за дезинформација – ризикот и опасностите се тука. Тие закани ја нарушуваат довербата на јавноста, ги поткопуваат нашите институции и претставуваат значителен ризик за националната безбедност“.

Стратегијата обезбедува јасен патоказ за справување со постојните ранливости, заштита на критичната инфраструктура и поттикнување на средина каде што бизнисите можат да иновираат, граѓаните ќе можат да напредуваат и институциите можат безбедно да работат.

Успехот на имплементацијата на Националната стратегија зависи од колективниот ангажман. Министерот ги повика сите засегнати страни – владините институции, бизнисите, академската заедница, граѓанското општество и граѓаните – активно да учествуваат во нејзиното спроведување. Дополнително, Министерот го претстави и нацрт-законот за сајбер безбедност, сега достапен на платформата ЕНЕР, за кој течат консултации.

„Денес, правиме голем стратешки чекор кон градење на побезбедна и поотпорна дигитална Македонија – која е подготвена да се соочи со предизвиците на дигиталната ера и да ги искористи нејзините можности.“, заврши Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спектакл во Мелбурн: Ѓоковиќ со пресврт го преслуша Алкараз!
Следна Статија Мицкоски- Спиро: Крипто пазарот и блокчејн технологија во фокус на разговорот- мора да чекориме со големи чекори напред за Македонија да биде повторно горда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур

Осумдесет и две години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур, беа одбележани денеска во Кавадарци. Пред неговата семејна спомен…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите

Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?