Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Програма за работа на Владата во 2025 година: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Програма за работа на Владата во 2025 година: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места
ЕКОНОМИЈА

Програма за работа на Владата во 2025 година: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места

Објавено January 23, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година. Во функција на нивна реализација е и Програмата за работа на Владата во 2025 година што беше донесена на последната седница.

Како што информира денеска владиниот портпарол Марија Митева, презентирајќи ја Програмата, економското заживување на државата е врвен приоритет.

Според Митева, одредена е динамика по месеци за реализација на Програмата, што е потврда за транспарентноста и предвидливоста на Владата.

Програмата има два дела, еден се однесува на акти и материјали по кои одлучува Собранието, а другиот се однесува на Владата.

Програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година, секој дизајниран да одговри на итните предизвици: обвновување на довербата во институциите, ефикасна борба против криминалот и корупцијата, како и владеење на правото. Програмата има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати, напомена владината портпаролка на прес-конференција .

Во првиот дел од Програмата има над 120 предлог-законски решенија меѓу кои се и Предлог-законот за управување со движења на предметите во судовите, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот спречување на корупција и судир на интереси, додека вториот, како што истакна Митева, има поширок опфат и се однесува на сите сегменти.

Околу 100-на активности во Програмата се однесуват на обврските од реформската агенда за 2024 – 2027 година и Планот за раст на Западен Балкан.

Нашата визија е јасна – држава во која системот функционира, просперитетна економија и Влада која работи за граѓаните и на која граѓаните и веруваат, потенцира Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекар од Вевчани повеќе од две години работел без продолжена лиценца
Следна Статија Почина тримесечно бебе во Шутка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, а потоа ќе изврши увид…

July 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за регионалната телевизија „Њузмакс Балканс“, најави дека се подготвуваат нови мерки…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде помала од маргината…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?