Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Railway Gazette: Отворена е првата делница од пругата Скопје – Софија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Railway Gazette: Отворена е првата делница од пругата Скопје – Софија
ЕКОНОМИЈА

Railway Gazette: Отворена е првата делница од пругата Скопје – Софија

Објавено January 23, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Британското списание Railway Gazette, кое е специјализирано за вести од железничката индустрија, објави прилог за отворањето на пругата Куманово – Бељаковце, која е прв дел од долго-очекуваната пруга до Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски ја инаугурираше првата делница од идната пруга од Скопје до Софија, која се гради како дел од пан-европскиот Коридор 8 кој ќе го поврзе Јадранот со Црното Море. Делницата беше отворена на 17 јануари, и почнува од Куманово, кое лежи на главната линија на Коридорот 10, и има 30.8 километри и завршува во Бељаковце. Пругата првично беше отворена во 1956 година, но сообраќајот запре во 1994 година поради лошата состојба на железничката инфраструктура. Неколку домашни компании беа ангажирани во 1994 година да ја рехабилитираат линијата, но не постигнаа многу напредок. Страбаг потпиша договор вреден 40 милиони евра за оваа делница во 2022 година, пишува британското списание.

Понатаму се наведува дека вкупната зделка изнесувала 78 милиони евра, и била финансирана од македонската Влада, Европската Унија и организации како ЕБРД.

Оваа линија не е само инфраструктурен проект туку и нова можност за економски развој, подобра поврзаност и просперитет во целиот регион, изјави премиерот Мицкоски. Матеј Закоњшек, директор на постојаниот секретаријат на Транспортната Заедница на ЕУ, во изјава за Railway Gazette рекол дека се работи за „важен чекор со кој ќе се засили одржливиот транспорт и регионалната поврзаност“.

Вицепремиерот Александар Николоски е исто така цитиран со најавата дека на пругата првично ќе се воведат возови два до три пати неделно, а по подобрувањето на капацитетот на Македонски Железници, ќе се започне со работа со полн капацитет.

Списанието исто така наведува дека втората делница од Бељаковце до Крива Паланка веќе се гради, со турската компанија Гулермак како главен изведувач на проектот вреден 155 милиони евра, а дека во почетна фаза е и работата на тендерот за третата делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир.

„Првите планови за пруга од Македонија до Бугарија потекнуваат од 1869 година, но ништо не беше изградено. Плановите продолжија да се подготвуваат во 1910 и 1912 година, но напредокот беше попречен од Првата Светска Војна. Во 1942 година почна да се гради од Ѓуешево до Куманово, но работата повторно запре во 1945 година, со крајот на Втората Светска Војна“, додава списанието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија го порази Катар
Следна Статија Мицкоски до ракометарите: Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азески ги поддржа превозниците

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, од Штип порача дека бизнис-секторот и Комората ќе продолжат да притискаат за…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Уште една локомотива повторно во сообраќај

Петок 13 се покажа како среќен ден за Македонски Железници Транспорт. Добрата организација и искуството на вредните мајсторите успеаја да…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекуваме инфлацијата да се намалува во следниот период

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?