Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Македонија ја зајакнува безбедноста, 497 нови полицајци ќе го штитат редот во државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (Видео) Македонија ја зајакнува безбедноста, 497 нови полицајци ќе го штитат редот во државата
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Македонија ја зајакнува безбедноста, 497 нови полицајци ќе го штитат редот во државата

Објавено January 25, 2025 11:36
Сподели
Сподели

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска беше одржана свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025, кои се приклучуваат на силите што го штитат редот и безбедноста на Македонија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја поздрави новата генерација, нагласувајќи дека оваа година МВР добива 497 нови полициски службеници, „синови и ќерки на Македонија“, кои ќе ги штитат граѓаните и ќе работат на заштита на безбедноста.

„Полициската професија не е само избор, туку и повик“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека оваа генерација ќе продолжи да работи на унапредување на безбедносниот систем и создавање на современа, стручна и професионална полиција. Тошковски истакна и дека МВР ќе продолжи да инвестира во нови полициски станици, возен парк и модерни униформи, како и во зголемување на примањата на вработените.

Помошник министерот за Центарот за обука, Влатко Митковски, ги пофали новите полициски службеници и им порача дека станувањето полицаец е не само професија, туку и одговорност.

„Носејќи ја полициската униформа, станувате дел од големо полициско семејство“, истакна Митковски.

На крајот од церемонијата беа доделени благодарници и пофалници за најдобрите кандидати од новата генерација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Нова катастрофа во Турција, се урна зграда, луѓе останаа заробени под урнатините
Следна Статија Откако хрватските продавници осамнаа празни – прашање е дали Македонците ќе повлечат нога?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за трагедијата во Кочани,…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во текот на утрешниот ден почнува теренска контрола на сите субјекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Викендов две спасувачки акции на Шара, спасени шест планинари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека викендов во две спасувачки акции спасиле шестмина планинари. Во саботата еден планинар…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?