Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Објавено January 27, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за драфт верзија поставена на јавна расправа. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска откако дел од гимназиските професори преку отворено писмо се спротивставија на новата Концепција, коментирајќи дека со отстранувањето на философијата во македонското образование, не само што се отсекуваме од основите на европската цивилизација и мисла туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови.


Јаневска објасни дека во моментов се прибираат сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе биде донесен конечниот заклучок.

„Пред два дена бев на Филозофски факултет, имав средба со професорите од Филозофскиот факултет, разговаравме многу конструктивно. Очекувам и нивна поддршка, затоа што ги сослушавме и ќе постапуваме по заеднички препораки, но првенствено во корист на учениците“, изјави Јаневска.

За предметот Сексуално образование, министерката во изјава за медиумите рече дека овој предмет останува слободен изборен предмет во деветто одделение и продолжува во средното образование.

Коментари и забелешки за новата концепција може да се испраќаат на веб страницата на Бирото за образование најдоцна до 31 јануари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Знакот на кој сè ќе му оди од рака во февруари и март
Следна Статија Големо повлекување на Кока-Кола од пазари во Европа поради високи нивоа на хлорат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи и Никола Димитров се фатија чии Протокол со Бугарија е подобар, иако и двата се лоши

Вистината за протоколите со Бугарија не може да се сокрива со дневнополитички манипулации, напиша поранешниот министер за надворешни работи Бујар…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Еден активен пожар во кратовско Соколица, четири се под контрола

Еден пожар е активен, четири се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати од регистрираните осум пожари до 12:00…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните на Македонија со најниска доверба во ЕУ меѓу земјите кандидати за членство

Мнозинството граѓани на Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?