Меси се реши- познато е каде ќе продолжи по завршувањето на договорот со Интер Мајами

- Advertisement -

Иако се споменуваше опција за враќање во родната Аргентина по оваа сезона, блиската пријателка на Меси негира дека тоа ќе се случи.

„Меси ми кажа дека кога ќе ја заврши кариерата во Интер Мајами, ќе се врати да живее во Барселона“, изјави Латоре.

Таа потоа откри дека го прашала дали може да остане во Мајами.

  • Рече: „Не, не, мојот живот е таму“, рече Јанина.

Да потсетиме, Меси дојде во Барселона пред 25 години и таму ја изгради една од најголемите фудбалски кариери на сите времиња.

Тој ја освои шпанската лига 10 пати и Лигата на шампионите четири пати пред да се пресели во Пари Сен Жермен.

Сподели ја оваа статија