Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска

Објавено January 28, 2025 10:40
Сподели
Сподели

За време на престојот во Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посети една од најстарите високо-образовни институции – Јагелонскиот универзитет во Краков, како и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде оствари средба со полски слависти и македонисти.

Во разговорот, претседателката беше запознаена со историјата на Универзитетот и Лекторатот по македонски јазик, работата и научните достигнувања на полските слависти и македонисти, со интересот на полските студенти за изучување на македонскиот јазик, како и со нивните активности, проекти и заложби за промоција на македонскиот јазик во Полска.

Македонистите вклучени во Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, говореа за културната и образовната размена меѓу двете земји, како и за македонско-полското пријателство. Воедно, тие укажаа на потребата од поголема државна поддршка во финансирањето на преводи и научни трудови од македонски на полски јазик и обратно.

Претседателката Сиљановска-Давкова го поздрави нивниот долгогодишен образовен ангажман во негувањето и промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура и изрази благодарност за посветеноста на полските македонисти во афирмацијата на македонската реч и мисла во меѓународната академска средина. Таа вети дека ќе се заложи за интензивирање на научната соработка, со што се релативизира далечината меѓу двете земји.

Соговорниците изразија особено задоволство што, покрај на Јагелонскиот универзитет каде Лекторатот по македонски јазик е отворен уште во академската 1974/75 година, македонскиот јазик се изучува и во други образовни институции во Полска. Имено, Лекторат по македонски јазик активно функционира и на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломски до докторски. Македонскиот јазик како главен предмет се изучува и на Катедрата за словенска филологија при Универзитетот „Адам Мицкјевич“ во Познањ, а како втор предмет е воведен и на Универзитетот во Ополе.

Воедно, претседателката го посети и музејот на Јагелонскиот универзитет „Collegium Maius“ – најстарата зграда на Универзитетот, која датира од 14 век и континуирано се користи повеќе од 600 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје
Следна Статија Мицкоски: Претходната влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ и прифаќаше договори со цел криминалот да им биде простен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

После неколку одлагања: Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Законот мора да се почитува и да има ред, вели Мицкоски по протестите за „Сејф сити“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?