Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кинески „Дипсик“ ги стресе берзите и светот на високата технологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кинески „Дипсик“ ги стресе берзите и светот на високата технологија
СВЕТ

Кинески „Дипсик“ ги стресе берзите и светот на високата технологија

Објавено January 28, 2025 13:08
Сподели
Сподели

Лансирањето на кинеската апликација „Дипсик“ (DeepSeek) го стресе светскиот технолошки пазар и ја доведе во прашање досегашната американска доминација во развојот на вештачка интелигенција. Ова е една од главните вести што денеска ја пренесуваат светските медиуми , откако чет-бот апликацијата вчера предизвика пад на индексите на берзите во Њујорк.

Цената на акциите на „Нвидиа“ (Nvidia) паднаа за 17 отсто, со што пазарната вредност на најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција падна за речиси 600 милијарди долари, што е најголем дневен пад на вредноста на една компанија во историјата на Волстрит. Во исто време, индексот на секторот за производители на чипови падна за повеќе од девет проценти, што е негова најголема дневна загуба од 2020 година.

Пад на берзите во раната трговија имаа и технолошките гиганти „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Мета“ (Meta). Вкупната загуба на берзата во САД вчера достигна над илјада милијарди долари, односно еден билион долари.

epa11856242 The Chinese app ‘DeepSeek’ on a mobile phone in Copenhagen, Denmark, 27 January 2025. The DeepSeek app is free to use.  EPA-EFE/LISELOTTE SABROE DENMARK OUT

Треската што ја предизвика моделот на „Дипсик“ Р1 (R1), кој стана најсимнувана апликација на „Апстор“ (App Store) во САД, надминувајќи ја апликацијата „Чет ГПТ“ (ChatGPT) на американската компанија „Опен АИ“ (Open AI), како што пренесува Би-би-си, можеби најдобро ја опиша американскиот бизнисмен и поранешен софтвер инженер, Марк Андресен, нарекувајќи ја „Спутник момент“ во областа на вештачката интелигенција. Неговата алузија се однесува на лансирањето на првиот вештачки сателит во Земјината орбита во 1957 од страна на поранешниот Советски сојуз во вселенската трка со САД што беше еден од настаните што го одбележа минатиот век.

Со коментар излезе и новиот американски претседател, Доналд Трамп кој изјави дека лансирањето на чет-ботот на кинеската „Дипсик“ е повик за будење за американските технолошки компании во глобалната трка за доминација во областа на вештачката интелигенција.

„Објавувањето на ‘Дипсик’, вештачка интелигенција од кинеска компанија, треба да биде повик за будење за нашите индустрии на кои треба да бидеме ласерски фокусирани за се натпреваруваме и да победиме“,рече Трамп, пренесува „Гардијан“.

Американскиот претседател се осврна на способноста на кинеската апликација да ги испорача истите перформаси како постојните модели на вештачка интелигенција, но со помалку вложени средства и ресурси.

„Тоа е добро затоа што не треба да трошите толку многу пари…Го гледам тоа како позитивно, како предност“,додаде Трамп.

„Дипсик“ успеал да развие напреден јазичен модел користејќи многу помалку ресурси во споредба со конкуренцијата, користејќи чипови со намалени можности, како што е „Nvidia H800“ и во период од само два месеци. Компанијата соопшти дека потрошила само 5,6 милиони долари за развој на својот нов модел, во споредба со стотиците милиони, па дури и милијарди долари што американските компании ги трошат на своите технологии за вештачка интелигенција. За екстремно ниската цена на оваа технологија најпрво пишуваше „Вол стрит журнал“ (Wall Street Journal).

Големи амбиции и можни импликации
„Дипсик“е основана во 2023 година како истражувачка група на кинескиот квантитативен хеџ фонд „Хај –флајер“ (High-Flyer), основан од претприемачот Лианг Венфенг. Компанијата се наоѓа во Хангжу, во провинцијата Жеџијанг во источна Кина. Лианг Венфенг, роден во 1985 година, дипломирал на Универзитетот во Жеџијанг со диплома по електротехника во 2006 година, а во 2010 година магистрирал информатичко-комуникациско инженерство.
Лианг Венфенг и „Дипсик“, според пишувањето на медиумите, ја застапуваат филозофијата „АИ за сите“, нагласувајќи дека технологијата треба да биде достапна за сите, а не само за големите корпорации.

Успехот на „Дипсик“ го привлече вниманието не само на технолошките аналитичари, туку и на регулаторните тела ширум светот, кои внимателно го следат влијанието на кинеските компании на глобалниот технолошки пазар. Некои аналитичари веруваат дека понатамошните успеси на „Дипсик“ би можеле да влијаат на динамиката на пазарот на вештачка интелигенција и да поттикнат воведување нови регулативи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Невреме и поплави во Италија
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – вторник, 28 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа…

June 13, 2025
СВЕТ

Почнаа преговорите Киев-Вашингтон, „Украина е спремна на сѐ за мир“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва очекува САД да ја информираат Русија за американско-украинските разговори. Украина сака мир…

March 11, 2025
СВЕТ

Премиерот на Пакистан и одобри на војската контранапад на Индија

Индија во средата започна воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир , а Исламабад возврати тврдејќи дека соборила…

May 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи…

February 6, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?