Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изградба на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина – Николоски на Косово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Изградба на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина – Николоски на Косово
ЕКОНОМИЈА

Изградба на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина – Николоски на Косово

Објавено January 29, 2025 16:23
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски се во официјална посета на Република Косово на покана на Либурн Алију, министер за транспорт на Република Косово.

Во рамки на постетата тие остварија средба со министерот за транспорт на Република Косово, Либурн Алију, на која се разговараше за реализација на капитални проекти што се од заеднички интерес за двете земји. Покрај средбата се направи увид на неколку инфраструктурни проекти кои се работат во Косово.

На средбата се отвори прашањето за железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина како и изградба на зедничка железничка станица која ќе ги олесни граничните постапки во делот на транспортот на добра и патници.

Исто така на средбата се разговараше и за евентуалното патно поврзување и изградба на патниот правец Тетово-Призрен со изградба на зеднички тунел како гранична точка меѓу Македонија и Косово. Двете страни се согласија да се формира работна групи кои ќе ги разгледа можностите за реализација на овој проект.

Во рамки на посетата, делегациите остварија и посета на неколку инфраструктурни проекти што се реализираат во Косово, а кои се од регионалано значење.

Двете страни се согласија дека Македонија и Косово имаат добра економска и политичка соработка и ја потенцираа потребата оваа соработка да се интензивира во духот на добрососедските односи, информираат од Министерството за транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен хирург од Битола за земање поткуп за 150 евра
Следна Статија Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето

Знам дека сме во период на избори и во период кога сензитивноста е преголема на сите страни. Но сакам да…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пад на цената на нафтата под 100 долари за барел

Цената на нафтата бележи благ пад и повторно се спушти под 100 долари за барел, во услови на зголемени очекувања…

April 14, 2026

Преуредете го вашето работно место со 60$ попуст на Anker Prime станица за докување

Поврзете до три монитори одеднаш и зголемете ја вашата продуктивност

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст…

June 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?