Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот

Објавено January 30, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Денеска е Св. Антониј Велики.

Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони

Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра.

Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот.

Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови.

Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се успокои мирно на свои 105 година, во 356 година.

Празникот Св. Андон во Гевгелиско се сметал за тежок празник и аталија, празник за лудите луѓе. Особено св. Андон се сметал за заштитник од лудилото и од ѓаволот. Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа. Еднаш ѓаволот дошол кај св. Андон и почнал да тропа на вратата. Сакал да влезе и да го залаже да не оди во црквата. Но св. Андон го здрвил пред вратата и ѓаволот пукнал. После ова кога некој боледува од лудило покрај постелата му ја ставаат иконата на св. Андон. Било од каква болест да боледува човек покрај Евангелие му носат и икона од св. Андон и веруваат дека ако му е за умирање ќе умре, а ако му е за станување ќе оздрави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 18 загинати: Потрагата по преживеани од авионската несреќа во Вашингтон се одвива во тешки услови
Следна Статија Руски уметнички лизгачи биле во авионот што се урна кај Вашингтон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството

Кандидатката за градоначалник за општина Центар од „Независни заедно“, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот Даме Груев во беровско Русиново

Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?