Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиска поднесе кривични пријави против правно лице од Струмица, го оштетил буџетот за над 13 милиони денари!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Финансиска поднесе кривични пријави против правно лице од Струмица, го оштетил буџетот за над 13 милиони денари!
ХРОНИКА

Финансиска поднесе кривични пријави против правно лице од Струмица, го оштетил буџетот за над 13 милиони денари!

Објавено January 30, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против К.Х поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот К. Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство на конфекција, текстил и трикотажа ХЕЛЕНА ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица во периодот од 1 јануари 2019 година до 25 декември 2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 25.174.878 денари (која се намалува за износот на основната главнина која изнесува 6.821.668 денари, на која се додава износ од 2.588.356 денари Добивка за фискална година, при што останува добивка за оданочување во износ од 20.941.566 денари основица за Данок на добивка), евидентирана во пасивата на Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени Побарувања од купувачи во износ од 13.973.029 денари и произведените текстилни производи евидентирани на залиха во вредност од 9.959.394 денари, неосновано ги присвоил и не ги евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, соопштија од Финансиска полиција.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, додаваат оттаму, не изготвил и не поднел Завршни сметки од 2019 година до денес до Управата за Јавни приходи и до Централниот Регистар на Република Македонија, при што пријавениот К.Х. не пресметал и не уплатил Данок на Добивка во износ од 2.094.156 денари по основ на присвоена акумулирана добивка, а за неотпишаните застарени Побарувања од купувачи не пресметал и не уплатил Данок на добивка во износ од 1.397.303 денари исто така, за не прикажаниот кусок не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 1.792.691 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10% во износ од 872.079 денари или вкупно 6.156.229 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Руски уметнички лизгачи биле во авионот што се урна кај Вашингтон
Следна Статија ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Емотивно и тензично беше денеска на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето…

December 29, 2025
ХРОНИКА

Голем пожар беснее кај Струмица

Локалните медиуми јавуваат дека голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор …

July 16, 2025
ХРОНИКА

Детали за хоророт во Штип: Се уште се бараат остатоците од телото на свирепо убиената 79 годишна штипјанка

Од обвинителството за МИА потврдуваат дека на случајот се уште се работи и се чекаат дополнителните анализи од предмети и…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?