Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани
СВЕТ

Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани

Објавено January 30, 2025 16:36
Сподели
Сподели

Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на „Американ Ерлајнс“ кој се судри со воен хеликоптер „Блек Хок“ полета над Вашингтон, одржа прес-конференција.

Таа рече дека во градот владее голема тага и дека деталите за трагедијата се уште доаѓаат.

Им се заблагодари на итните служби кои работеа цела ноќ. Таа со солзи во очите потврди дека и било кажано дека нема преживеани.

„Ова е ужасна трагедија која ќе го обедини градот“, рече Ву, додавајќи дека „семејствата на жртвите ќе бидат известени пред да се објават идентитетите на жртвите“.

Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување откако патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Досега се пронајдени телата на над лица од авионот и едно лице од хеликоптерот.

Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе, пренесуваат светските агенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино
Следна Статија Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Администрацијата на Трамп се заканува дека ќе му ја одземе акредитацијата на Харвард

Администрацијата на Трамп го ескалираше спорот со Универзитетот Харвард, велејќи дека универзитетот можеби повеќе не ги исполнува стандардите за акредитација…

July 10, 2025
СВЕТ

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека гаранциите за безбедност на неговата земја веројатно ќе бидат изготвени во рок од…

August 19, 2025
СВЕТ

Трамп ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот…

September 16, 2025
СВЕТ

Паднаа цените на становите во Дубаи

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад, откако иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност…

March 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?