Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве кој е 20 годишниот Васил Јованов – Васо кој ја усмрти Фросина, требало да биде во притвор!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еве кој е 20 годишниот Васил Јованов – Васо кој ја усмрти Фросина, требало да биде во притвор!
ХРОНИКА

Еве кој е 20 годишниот Васил Јованов – Васо кој ја усмрти Фросина, требало да биде во притвор!

Објавено January 30, 2025 20:42
Сподели
Сподели

Срцето на 22-годишната амбициозна и креативна модна дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова синоќа престана да чука. Фросина на 15 минути пред полноќ прописно се движела по булеварот Партизански одреди, каде во близина на пекарата Силбо била прегазена од автомомобил кој се движел со над 130 километри на час.

Автомобилот, без возачка дозвола, го управувал 20 годишниот Васил Јованов од Скопје кој е добро познат на органите на прогонот, пишува Радио Лидер во својата сторија за трагичниот инцидент и индолентноста на обвинителството кое го оставило чубиецот на слобода.

Радио Лидер открива детали од истрагата, но и детали за тоа кој е Васил Јованов и каква е улогата на скопската јавно обвинителство, кое со години го штити?

,,Не, ова не е ужасна несреќа! Ова е убиство овозможено од обвинителството”, смета Радио Лидер.

Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор!

Помеѓу неговата генерација во Карпош од каде што потекнува, 20 – годишниот Васил Јованов алиас Васо е познат како бесно и богато момче. Од неговите родители за својот 18 – ти роденден добил автомобил Пежо 207 кој веднаш почнал да го управува иако немал положено за возачка дозвола. За возачка дозвола никогаш не положил, ама затоа уште веднаш почнал да предизвикува невољи по скопските улици, невољи кои траат во последните две години и кои кулминираа со синоќешната прерана смрт на неготинчанката Фросина Кулакова.

Во 2023 година, скоро откако го добил автомобилот кој се води на име на неговиот татко, Васил предизвикал сообраќајка која резултирала со тешки телесни повреди на учесниците, дознава Радио Лидер од извори во МВР. Бил виновен за сообраќајката, немал возачка дозвола, добил и кривична пријава од МВР за серијата на кривични дела, но пријавата била одбиена од страна на Основното јавно обвинителство Скопје. Зошто? До овој момент немаме одговор. По вчерашниот настан на Гаврил Бубевски и на скопското обвинителство ќе им биде многу тешко да одговорат како ваков престапник со години оставиле на улица.

Ослободувањето од кривичен прогон го охрабрило младиот Васо да продолжи да вози брзо и бесно. Евиденцијата покажува дека во изминатите две години тој има добиено над 10 прекршочни пријави од сообраќајната полиција за управување без возачка дозвола, брзо возење и кршење на сообраќајни правила. Сепак, никој не му го одземал автомобилот, кој по секоја пријава тој и понатаму си го управувал уште побрзо и уште побесно.

Сите детали на Лидер

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа
Следна Статија Богдан Илиевски: Јавноста има право да знае како се одговараат прашања на „новинари“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ФОТО) Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Жител на неготинско Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта

Жител на неготинското село Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта. -Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР…

January 6, 2026
ХРОНИКА

Се злоупотребиле податоци на 588 лица: Кривични пријави против две физички и две правни лица од Скопје

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на…

November 4, 2024
ХРОНИКА

Затворен патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

Сообраќајна несреќа го затвори магистралниот пат од Струмица во Ново Село. „Од 14:10ч. сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица –…

November 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?