Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Администрацијата на Трамп размислува да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Администрацијата на Трамп размислува да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот
СВЕТ

Администрацијата на Трамп размислува да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот

Објавено February 1, 2025 10:23
Сподели
Сподели

Администрацијата на претседателот Трамп презема чекори за да ја стави американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на два упатени извори.

Извор на Ројтерс изјаби дека американскиот Совет за национална безбедност неделава организираше дискусии токму на оваа недела, но посочи дека се уште не се донесени конечни одлуки.

Минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја суспендираше американската странска помош, објаснувајќи дека спроведува ревизија за да се осигура дека помошта од десетици милијарди долари е во согласност со доктрината на надворешната политика на Трамп „Америка на прво место“ и дека не е губење пари на даночните обврзници.

Еден извор рече дека Белата куќа ги испитува правните овластувања што Трамп би можел да ги искористи за да издаде извршна наредба со која се става крај на независноста на УСАИД и дека може таквата наредба да ја потпише уште ноќеска или денеска.

Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, цитирајќи ги „гласините“ дека Трамп планира да ја распушти УСАИД како независна агенција, на X објави дека таквиот потег би бил „нелегален и против нашите национални интереси“.

Фотографии од канцелариите на УСАИД покажуваат дека плочите со официјалниот жиг на агенцијата се отстранети, што е знак дека веќе се работи на спојување со Стејт департментот.

Изворот рече дека во дискусиите учествувале и претставници на новоформираното Министерство за ефикасност на владата, на чие чело е милијардерот Илон Маск и дека тие оваа недела често го посетувале седиштето на УСАИД во Вашингтон.

Во текот на 2023 година, САД одвоија 72 милијарди долари ширум светот како дел од различни програми за помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Една од најубавите жени на светот позира на снег во бикини (ФОТО)
Следна Статија ЕУ бара инструменти со кои парите на Европејците „ќе работат, наместо да спијат“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што…

April 21, 2025
СВЕТ

В сабота САД го напаѓаат Иран?

 Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз…

February 19, 2026
СВЕТ

Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер

Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за…

September 9, 2025
СВЕТ

Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е насочена против Гренланд, Канада…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?