Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам наскоро да почне изградбата на Соларниот и Ветерниот парк во Штипско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Очекувам наскоро да почне изградбата на Соларниот и Ветерниот парк во Штипско
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам наскоро да почне изградбата на Соларниот и Ветерниот парк во Штипско

Објавено February 1, 2025 19:29
Сподели
Сподели

Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три општини – Штип, Карбинци и Радовиш, инвестиција од близу половина милијарда американски долари. Очекувам инвеститорот до тогаш да ги заврши сите проекти и се што е потребно за оваа инвестиција да стане реалност, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

За инвестицијата во соларниот парк кај некогашниот карго аеродром во Штип, посочи, има некои работи кои се нивелираат во насока на три прашања, но дека е оптимист дека се успешно ќе заврши и дека и оваа инвестиција ќе стане реалност.

-Првото прашање е категоријата на земја за кое мислам дека е веќе надминато, бидејќи имаме категорија на земја која не би сакале да ја урбанизираме на ваков начин, а е земјоделско земјиште што го користат земјоделците за обработка и производство на храна. Второто прашање е околу откупот на електричната енергија и цената и третото околу балансирањето, односно инсталирање на така наречени батерии кои ќе ја складираат произведената електрична енергија за да може да се користи во периодот на денот кога нема сончева радијација, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по доделувањето клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

Нагласи дека мисли оти ќе се најде соодветно решение и дека и таа инвестиција ќе стане реалност, но посочи дека не може ништо подетално да зборува додека се не се испегла.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Усташка песна е хит на хрватските ракометари
Следна Статија Трамп: САД извршија воздушни напади врз цели на ИД во Сомалија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа

До Нова година ќе се донесе нов Закон за игрите на среќи, којшто ќе биде многу радикален, строг и ќе…

November 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Јајца ќе има, смируваат надлежните

Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и…

March 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Земјоделски здруженија и тутунари не се согласуваат со измените во Законот за тутун

Забраната на увоз на суров необработен тутун во периодот на откупот на тутунот во нашата држава со ништо нема да…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект

Соединетите Американски Држави воведоа 33 отсто царина за македонските производи, а Владата смирува и порачува дека нема потреба од никаква…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?