Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бримора: Македонија и Бугарија да покажат добра волја и да најдат компромис прифатлив за двете страни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бримора: Македонија и Бугарија да покажат добра волја и да најдат компромис прифатлив за двете страни
МАКЕДОНИЈА

Бримора: Македонија и Бугарија да покажат добра волја и да најдат компромис прифатлив за двете страни

Објавено February 2, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Амбасадорот на Полска, Мариуш Бримора вели дека спорот меѓу Македонија и Бугарија е најдобро да го решат двете држави и да најдат компромис којшто би бил прифатлив за двете страни. Како Претседателство со ЕУ, вели дека нема да останат пасивни. За идејата за одложена примена на уставните измени, смета дека никој не може да даде пишани гаранции дека Софија нема да има други барања, но според него, гаранција е тоа што Софија повеќепати досега изјавила дека нема да направи такво нешто.

  • Со одложена имплементација, никој не може да ви даде гаранција. Знам дека има голема загриженост во македонското општество дека ако уставните измени поминат, Бугарија може да бара дополнителни барања и да се отежни процесот. Никој не може да ви даде пишани гаранции дека нема да го направи тоа. Единствената гаранција е тоа што Софија повеќепати изјави дека нема да направи такво нешто, дека нема да има нови барања. Можеби е време Вие да направите проверка и да ја потврдите нивната добра волја. Како што реков, како билатерално прашање никој не може да го направи тоа место за вас. Ваша е одлуката дали сакате да разговарате и кога сакате да разговарате и да се обидете да најдете компромис кој би бил прифатлив за двете страни. Тоа не значи дека ние како Претседателство ќе останеме пасивни, изјави Бримора за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Најави дека овој месец полскиот заменик министер за европски прашања ќе оди во Софија каде, како што рече, верува дека ќе ја искористи приликата да ги убеди партнерите во Бугарија дека треба да работат на компримис прифатлив за двете страни.

  • Модерната политика бара градење на мостови, а не рушење на мостови така што потребна е добра волја од двете страни и се надевам дека овој договор е можен. Има многу добар моментум сега со голем број чекори, изјави и инструменти од ЕУ во процесот на интеграции и клучно е да се искористи можноста бидејќи таа нема да трае вечно, вели Бримора.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Хаос во ски центар: Наеднаш пристигнале 260 автобуси во село со 1.500 жители
Следна Статија Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, на која се…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес утрово со епицентар во Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје, ѓубре ти ќе бидеш! (ФОТО)

Ѓубре кое се излева од контејнерите, непријатна миризба околу нив. Скопјани повторно коментираат за хигиената во метрополата. Фотографијата споделена на…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?