Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
ХРОНИКА

Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка

Објавено February 2, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов потврди дека кај 20-годишниот возач кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, а кој е во притвор во „Шутка“, е пронајден мобилен телефон. Најавува дисциплинска постапка откако ќе биде утврдено кој го обезбедил телефонот, иако, како што вели, се сомнева дека се повеќе вработени лица.

Направен е претрес, одземен е тој телефон, а притоа одземени се и други телефони. Направени се претреси во повеќе ќелии и се прави истрага кој е тој полицаец кој го дал телефонот, иако мојот сомнеж е дека не е еден, туку повеќе кои го тераат тоа како бизнис. Како нова власт имаме фатено доста такви, но за жал, се уште има такви – изјави Пандов.

И од семејството на починатата Фросина побараа од Министерството за внатрешни работи да го најде одговорниот кој му дал телефон на Васил Јованов.

Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за Внатрешна Контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?, напиша сестрата на Фросина на „Фејсбук“.

За ова претходно информираше и Социјалдемократскиот сојуз од каде побараа одговор од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој му дозволил на обвинетиот да има телефон во затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %
Следна Статија Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдениот труп во Штип е на Славе Димитриевски, штипјанец по кој се трагаше шест месеци

Телото на исчезнатиот Штипјанец Славе Димитриевски (86), по кого се трагаше од 14 август 2024, е пронајдениот труп при ископ…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец

На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа…

February 28, 2026
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за скопјанецот кој запали трева во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став…

July 8, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Полицајци спасија жена што се фрлила во водите на Вардар

Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. “Војвода…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?