Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“
ХРОНИКА

Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“

Објавено February 2, 2025 09:59
Сподели
Сподели

Семејството на Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на булеварот Партизански одреди пред пет дена, се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на  Управата за извршување санкции Александар Пандов  за брзата реакција откако портал објави фотографија како 20-годишниот возач Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина во притвор има мобилен телефон.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков во име на семејството, преку својот профил на Фејсбук се заблагодари до Пандов поради тоа што, како што напиша, ја враќа довербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека функционира, откако синоќа тој со својот тим изврши увид во притворските ќелии каде пронајдоа и одзедоа мобилни телефони од притворениците, меѓу кои и од Јованов.

По жестоката порака од Пандов до јавноста дека „Започнуваме војна против корумпираните службеници во затворите, ќе има најстроги казни и бркање од работа за виновниците“,  Тодор Кулаков напиша:

„Како семејство се чувствуваме должни да изразиме јавно благодарност што ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека веќе функционира. Дека злосторниците, убијците ќе го добијат третманот кој им следи, со што ни дава верба дека и судскиот епилог и казните кои ќе ги добијат, ќе бидат адекватни. Уште еднаш огромна благодарност до тебе, до директорот на Шутка и до целиот твој тим – од цело семејство, пријатели и колеги на Фросинче“, напиша нејзиниот татко.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спектакуларен трејд: Дончиќ ќе игра заедно со Леброн, Дејвис го засили Далас!
Следна Статија Јаневска: Со новиот Концепт за гимназиско образование афинитетите на учениците ќе дојдат на прво место, а со тоа и подобар успех

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Денеска на Плаошник ќе биде погребан Владиката Тимотеј

Денеска ќе биде погребан митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој почина неодамна поради здравствени проблеми. Погребот ќе се одржи на Плаошник…

November 28, 2024
ХРОНИКА

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

Дождот што утрово заврна на подрачјето на ловиштето Јасен придонесе за конечно гаснење на големиот шумски пожар кој траеше повеќе…

August 22, 2025
ХРОНИКА

Загина возач на експресниот пат Прилеп-Градско

Вчеравечер во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно…

May 24, 2025
ХРОНИКА

Кочанчанец физички го нападнал својот татко

На 25.07.2025 во 20.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле Р.А.(32) од Кочани, поради тоа што…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?