Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детето што почина во Струшката болница, имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детето што почина во Струшката болница, имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
ХРОНИКА

Детето што почина во Струшката болница, имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри

Објавено February 2, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Четиригодишното дете што утрово почина на Детското одделение во Струшката болница имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри, потврди за МИА директорот на Струшката болница Владимир Бунчески.

Во изјава за МИА посочи дека детето било донесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била не успешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.

-Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри. Родителите биле свесни околу состојбата, информира Бунчески.

Увид извршил јавен обвинител и во координација со семејството телото нема да биде предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки.

СВР Охрид денеска соопшти дека четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, а случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.

– Медицински лица од Општата болница во Струга пријавиле дека, на детското одделение во болницата било донесено четири годишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба, и покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Србија мора да добие српска влада, не ни требаат влади наметнати однадвор
Следна Статија Затвореници се степале во затворот Идризово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ФОТО: Ова е скопјанецот уапсен со 3,06 промили алкохол

СВР Скопје – Полициска станица Карпош поднесе кривична пријава против А.П.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено…

September 30, 2025
ХРОНИКА

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот

Снимка каде што се гледа физичка пресметка помеѓу две лица, од кои едното држи секира, беше објавена од случајни минувачи.…

July 27, 2025
ХРОНИКА

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром. Според информациите од МВР, вчера во 17:00…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Откопан гробот на Зоки Фаци

Попладнево бил откопан гробот на скоропочинатиот Зоки Фаци. За ова преку својот Фејсбук профил се огласи неговиот пријател Стефан Лазаров,…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?