Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето
СПОРТ

Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето

Објавено February 3, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска четврти пат по ред стана светски шампион. Данска, во финалето во Осло, убедливо ја совлада Хрватска со 32:26 (16:12)

Ракометарите на Данска ја оправдаа улогата на фаворити во дуелот за златниот медал.

Селекторот Николај Јакобсен, кој ја предводи Данска од 2017 година, ја предводеше својата земја до четвртата последователна светска титула. Таа серија започна во 2019 година со убедливата победа над Норвежаните (31:22) на домашен терен во Хернинг. Славеа во Египет (финале против Шведска – 26:24) две години подоцна, а хет-трикот беше комплетиран во Стокхолм против Французите (34:29).

Скандинавците го диктираа темпото уште од стартот. Хрватска во првите 10 минути постигна само еден гол. Данска оствари предност од трии гола и таа предност лесно ја одржуваше во првиот дел.

Во вториот дел Данците влегоа фуриозно, а практично го решија мечот во 42.минута кога дојдоа до двоцифрена разлика (24:14).

Без сомнение, играч на натпреварот е 24-годишниот Матијас Гидсел. Десниот бек на Фуксе Берлин имаше импресивни учинок 10 гола од 11 удари, како и четири асистенции и една украдена топка. Извонреден на голот беше и Емил Нилсен со 14 интервенции.

Избраниците на исландскиот стручњак Дагур Сигурдсон беа комплетни аутсајдери во ова финале и не го повторија подвигот од Португалија во 2003 година.

Финалниот меч беше последен за Домагој Дувњак и Игор Карачиќ во дресот на Хрватска. Дувњак е рекордер според бројот на постигнати голови и одиграни натпревари во националниот тим.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотреси го тресат Санторини, училиштата се затвораат поради страв, издадени предупредувања
Следна Статија Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Нов пораз на макеоднските млади фудбалери

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша уште еден разочарувачки резултат во квалификациите за Европското првенство. На стадионот „Петар Милошевски“…

November 13, 2025
СПОРТ

„Црвените ѓаволи“ истрчаа на „Градски“

Селекторот Руди Гарсија ги искажа своите очекувања од мечот со Македонија. Тој рече дека сите играчи кои се допатувани, се…

June 5, 2025
СПОРТ

Стојановски: Без разлика на каков терен ќе играме, ние сме подготвени

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе му гостува на Казахстан во својот четврти натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“…

June 8, 2025
СПОРТ

Историски резултат на Кими Антонели во Мајами

Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?