Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарскиот шеф на дипломатијата: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарскиот шеф на дипломатијата: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
БАЛКАН

Бугарскиот шеф на дипломатијата: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев

Објавено February 3, 2025 20:05
Сподели
Сподели

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев во интервју за БТВ, изјави дека на 4 февруари нема да има заедничко одбележување на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, затоа што Бугарија не добила покана од Македонија.

Ако прашањето е зошто нема да има заедничко чествување, тоа е затоа што не сме добиле покана за такво нешто. Последното такво чествување беше откако се потпиша Договорот за добрососедство во 2017 година. Но, во овој момент немаме покана од Македонија заедно да го чествуваме тој ден, рече Георгиев.

Прашан дали со заедничкото одбележување би можеле да повторат тензиите од 2023 година, тој посочи дека „историјата треба да обединува, а не да разделува“.

За односите меѓу Софија и Скопје Георгиев оцени дека се „специфични“.

Одговорајќи на прашањето дали Софија ќе ја промени позицијата, со оглед на ставот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека Бугарите нема да бидат внесени во Уставот без јасни гаранции од ЕУ, Георгиев рече дека Скопје нема како да го продолжи пристапниот процес доколку не ги исполни преземените обврски.

Тука не зборуваме само за Бугарија и тоа треба јасно да го потенцираме. Таканаречениот „француски предлог“, тоа што се случи за време на 2022 година, е меѓу сите членки на ЕУ и РСМ. Тука зборуваме за обврски што далеку го надминуваат билатералниот спор. Зборуваме за нешто со кое се согласиле сите држави членки на ЕУ и РСМ. Ако обврските не бидат испочитувани, ЕУ нема како да го продолжи патот за присоединување на Македонија, изјави бугарскиот министер за надворешни работи.

Според него, нема држава која повеќе од Бугарија има интерес од интеграцијата на земјите од Западен Балкан и додаде дека тоа не го кажува само од позиција на бугарските европски приоритети од 2018 година со претседателството, туку во многу поширок контекст.

Ние, искрено, се радуваме дека Република Македонија и Албанија се наши сојузници во НАТО. Тоа е инвестиција во безбедноста на регионот. Природно е да се радуваме и на евроинтеграциите, но со запазување на условите, рече Георгиев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гренел: Курти лаже дека е близок со САД, целата меѓународна заедница е против него
Следна Статија (ВИДЕО) Скандал на „Греми“: Бјанка Ценсори пристигна гола, полицијата ги избрка и неа и Канје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО| БиХ: Зголемен бројот на загинати во поплавите и свлечиштата, се трага по исчезнатите

Бројот на потврените смртни случаи во Босна и Херцеговина се искачи на 18 откако во саботата во текот на денот…

October 5, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Ново пукање во училиште во Турција: Неколку мртви, десетици повредени

Најмалку четири лица се убиени, а 20 се повредени во пукотница во училиште во Турција. Ова е втора пукотница за…

April 15, 2026
БАЛКАН

Хрватска ги замрзна цените на горивата – дизелот 1,55, бензинот 1,50 евра за литар

Хрватската влада донесе одлука за ограничување на цените на горивата како одговор на наглиот раст на цената на нафтата на…

March 9, 2026
БАЛКАН

Планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата со Косово

На 21.05.2025 во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?