Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Објавено February 4, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање.

Веројатно во историјата нема да најдете човек за кој толку многу се пишувало, зборувало и за кој се плачело, радувало…Тоа покажува дека Гоце Делчев е неразделен од македонскиот народ. Токму затоа еве и 153 години потоа како да е жив и мислам дека и следните 153 години ќе продолжи гоцевата приказна, изјави претседателката Гордана Силјановска-Давкова за годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер.

Во рамки на државниот настан, свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и делегација на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, претставници на политички партии и граѓански здруженија и претставници на дипломатскиот кор.

По повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, панихида служеше Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки прекршоци во сообраќајот, предложи Филипче
Следна Статија (Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив, не очекувам дека ќе биде лесна…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ингеренциите за разрешување и назначување директори во претпријатијата ги има исклучиво Арсовска – велат од УО на „Комунална хигиена“

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ испрати писмен допис до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кој посочува…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: На 479 фирми од областа на градежништво и урбанизам им се одземаат лиценци

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре е Младенци- наместо прослава младите може да го одбележат со молитва

Утре е Четириесет Севастиски маченици – Младенци. Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?